University of Goce Delcev Stip
Урбанистичкото планирање на локално ниво како фактор на развој на локалната самоуправа во Р.М. со посебен осврт на Општина Штип
Abstract
dc:description.abstractЛокалната самоуправа претставува една територијална заедница во која луѓето заеднички, со здружени сили, пробуваат на секој можен начин да ги разрешат проблемите со кои самите тие се соочуваат и да си го направат животот многу поедноставен. Всушност, самите граѓани самостојно, непосредно или преку свои претставнички тела одлучуваат за оние прашања кои се од јавен интерес и од локално значење. Локалната самоуправа се состои во тоа што локалното население во една заедница ги избира локалните органи и им ја дава целосната поддршка, но за возврат очекува дека локалната власт ќе им ги реши проблемите со кои тие секојдневно или најчесто се соочуваат. Локалните органи, пак, за вршењето на работите кои се во нивна ингеренција, а се во интерес на самите граѓани, располагаат со одредени финансиски средства. Меѓутоа, ако се запрашаме дали државната власт може да управува со целокупниот развој на општеството, или има потреба од функционирање и делување и на некоја друга власт, одговорот би бил дека државните органи не можат да ја опфатат цела територија, туку потребна им е и друга алтернативна власт на кој ќе ѝ пренесат некои од надлежностите и работите кои тие ќе ги извршуваат, а во кои се појавуваат одредени функционални слабости, односно каде може да дојде до неефикасно и неефективно работење. Тоа значи дека во некои делови од општествениот развој се наметнува потреба од воведување и на другата алтернативна власт, односно локалната, за која зборуваме, со тоа што функционирањето нема да биде само од централната власт, односно од централните органи, туку ќе биде пренасочена и кон локалните власти. Локалната самоуправа поседува голема способност и може да се прилагоди на специфичните карактеристики на некое подрачје и да даде приоритет и придонес на оние позначајни работи за граѓаните, отколку што може тоа да го направи државната власт, доколку таа ги врши истите надлежности како и локалната самоуправа.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ilievska, Katerina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18089/