University of Goce Delcev Stip
Трансформација на инспекциските служби во Република Македонија- основа за ефективност на државната управа и државната власт
Abstract
dc:description.abstractАПСТРАКТ Како и во другите земји во транзиција така и во Република Македонија процесот на реформа на јавна администрација зазема значајно место и улога во вкупните реформски процеси на едно општество. Поради непостоење на задолжителни одредници од правото на ЕУ за реформа на јавната администрација, секоја земја ги реформира своите служби на начин кој е најсоодветен и најадекватен за да одговори на потребите на граѓаните и бизнис заедницата. Формирањето на Инспекциски Совет за координација на инспекциските служби и осамостојување на инспекторатите е секако уникатна, и значајна реформа на администрацијата во Р.М. од која што се очекува многу во напорите за реформа на општеството. Меѓутоа, иако е заокружена легислативата како основа за оваа реформа, сепак претстои макотрпен пат за нејзина имплементација низ која ќе биде потребно и изменување и дополнување, односно нејзино прилагодување. Бидејќи приспособувањето кон европските стандарди не претставува крајна цел на модернизацијата на јавната администрацијата, со тоа и на самите инспекциски служби, туку средство за создавање на јавна администрација што ќе обезбедува висококвалитетни услуги за граѓаните и бизнисите, како и високо стручна поддршка на Владата и другите засегнати страни во креирањето на политиките, зголемување на ефикасноста на системот на јавна администрација, значително влијае врз успешното спроведување на реформите насочени кон развој на демократија во општеството и спроведување на обемни економски реформи. Транспарентни, професионални инспекциски служби со јасно поставени цели и институционални механизми на долг рок, кои ја темелат својата работа на предначење на превентивниот начин на сметка на репресивните методи, треба да бидат приоритет и стремеж на секоја модерна и демократски настроена држава, што е случај и со Република Македонија.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Georgievski, Dimitar
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18171/