Abstract
dc:description.abstractАпстракт Овој научно, истражувачки труд има за цел да го претстави и објасни факторингот како алтернативен модел на финансирање на стопанството. Овој труд, исто така, се обидува научно да го истражи овој правен институт и да ја истакне неговата економска улога, преку укажување на предностите и недостатоците на овој модел на финансирање, како и да го прикаже неговиот статус во светот и во Македонија. Доброто корпоративно управување и професионален финансиски менаџмент може да придонесат за воспоставување на таква бизнис стратегија (во смисла на: стратегија во однос на потенцијалните ризици, системите за управување со ризиците и мониторинг, инвестициски стратегии, интервенции, итн.) која ќе ја направи компанијата отпорна на неочекувани и непредвидливи промени и тоа, како во нејзината постојна средина, така и на глобалниот пазар и навремено постапување, кое ќе придонесе за побрзо закрепнување од ефектите на кризата и минимизирање на бизнис загубите. Иницијативата за развој на трговските друштва во Република Македонија го вклучува и подржува развојот на малите и средните компании, како и на поединците и институциите што ги опслужуваат потребите на малите и средните компании и креираат амбиент за развојот на овој сектор. Целта на ова истражување е утврдување на потенцијалот на пазарот за факторинг со цел да се развијат нови финансиски алтернативи за компаниите во Македонија. Клучни зборови: факторинг, побарувања, ликвидност, солвентност, финансирање.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Georgievska, Hristina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18175/