University of Goce Delcev Stip
Медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите
Abstract
dc:description.abstractВо денешно време, сме сведоци дека судовите се преоптоварени со голем број нерешени предмети, кое нешто резултира со неефикасност и зголемување на незадоволството на граѓаните за брзината и квалитетот на правната заштита. Поради ова, се поставува прашањето, дали судската постапка треба да ги признае своите ограничувања и слабости и да ја прифати потребата од воведување на алтернативни начини на решавање на споровите, бидејќи пристапот до правдата не се овозможува само преку судот, туку и преку други алтернативни начини на решавање на споровите, како што е постапката на медијацијата. Во современите општества сѐ почесто се користи постапката на медијација за решавање на споровите, од причина што ваквата постапка отвара можност на сите инволвирани страни во спорот да воспостават реална комуникација и активно да учествуваат во изнаоѓање на заемно прифатливо решение. Во нашата држава од големо значење би била поширока примената на постапката на медијацијата, бидејќи овозможува да се земат во предвид меѓусебните интереси на страните и можност за постигнување спогодба, како израз на доброволниот пристап и волја за постигнување заеднички компромис. Во Република Македонија веќе постојат реформи во судството и постепено се воведува постапката на медијација во правниот систем, но овој процес е многу спор, па поради тоа, сметам дека овој труд ќе послужи за полесно разбирање на основните концепти на медијацијата и ќе овозможи поголема доверба кај граѓаните во постапката на медијација. Клучни зборови: спор, спогодба, доброволност, флексибилност, рамноправност, правичност
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Zivkova, Sanja
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18246/