Abstract
dc:description.abstractПредмет на анализа и елаборација на овој труд претставува лизингот како трговска дејност и договорот за лизинг како правен инструмент за реализација на правата и обврските кои што произлегуваат со склучувањето на договорот за лизинг. Сепак, во конретна смисла, во фокусот на нашето внимание е лизингот и неговото влијание врз македонското стопанство низ призмата на банкарскиот сектор и правниот режим на лизингот во домашното право и во компаративните правни системи. Во Република Македонија лизинг-дејноста се реализира во далеку помал капацитет од она што претставува стандард или полн капацитет на лизинг- дејноста во Европа и во светот. Нивото и обемот на искористеност на лизингот е директно условен од економијата воопшто и од условите под кои банкарскиот сектор го нуди пакетот на лизинг-дејноста. Лизингот е закуп со одредени специфики кои произлегуваат од природата на ова трговска дејност. Компарирано со останатите институти на договорното право, лизингот има одредени предности и слабости vis-à-vis. Во Република Македонија, лизингот има третман на редуцирано искористен институт, споредено со кредитот како класичен/традиционален модел на финансирање. Еден дел од тоа e условено од психичкиот склоп кај населението, а друг дел од недоволното афирмирање на самиот финансиски инструмент од страна на комерцијалните банки и негово пласирање на финансискиот пазар, како и недоволното познавање на предностите на лизингот од страна на граѓаните на Република Македонијаи нивно искористување во своја полза. Клучни зборови: - лизинг - давател на лизинг - корисник на лизинг - договори за лизинг
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Eftimov, Dajanco
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18249/