University Goce Delcev Stip
Примена на стаклени влакна во технологија за намотување на филаменти: дизајн и анализа на процес
Abstract
dc:description.abstractВо овој магистерски труд направено е истражување за производство на композитни цевки. Користени сестаклени влакна како зајакнувачки материјал и епоксидна смола како полимерна матрица. Композитните цевки се произведени во точно определени услови со примена на методот за намотување на филаменти. Направено е дизајнирање на процесот преку примена на полн три факторен експеримент со земање на три фактори кои најмногу влијаат на процесоти со нивно менувањена две нивоа: минимална и максимална вредност. Земени се следните фактори односно параметри на процесот: брзина на намотување, јачина на истегнување и агол на намотување на влакната. Врз основа на план матрицата направени се 8 експерименти со менување на трите фактори на две нивоа (23). Добиени се 8 различни примероци – композитни цевки и за сите е определена јачината на компресија. Врз основа на добиените резултати добиена еадекватна регресиона равенкакоја најдобро го опишува влијанието на избраните фактори врз јачината на комресија односно врз отпорноста на цевките се до нивна целосна деструкција. Од добините резултати и регресионата равенка добиен е заклучокот дека влијанието на брзината на намотување и тензијата на влакната е минимално врз отпорноста на композитните цевки и дека скоро и да не постои интеракција помеѓу овие фактори. Аголот на намотувањесе покажа дека има големо влијание врз отпорноста на композитните цевки на комресија. Имено, аголот на намотување влијае обратнопропорционално врз јачината на компресија. Добиените резултати се од голема важност за примената на композитните цевки добиени со методот на намотување на филаменти, а особено кога од материјалот се бара да има мала специфична маса, а голема јачина на комресијa. Клучни зборови: дизајн на експерименти,намотување на филаменти, композитни цевки, јачина на комресија.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2017
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Pop-Metodieva, Biljana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18265/