St. Clement of Ohrid University of Bitola
Влијанието на девизниот курс врз надворешно-трговската размена во мала и отворена економија - Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractВо согласност со предметот на научното истражување, главна цел на оваа дисертација се предизвиците да се естимира девизниот курс во Р.Македонија, а следствено, корисните согледувања и резултати да помогнат во креирањето на стратегиските насоки т.е. резултати кои ќе придонесат за размислување и креирање стратегија девизниот курс да се употреби не само како инструмент за одржување на ценовната стабилност туку и како инструмент за подобрување на перформансите на извозот, односно зголемување на економскиот раст во Македонија и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Се разбира тука цел е исто така важен момент за Р. Македонија – предизвикот да биде дел од Европската Унија. Оттука, со овој труд се направија напори да се дадат одговори на неколку значајни прашања коишто треба да придонесат за: влијанието на девизниот курс врз трговијата на една земја како Македонија - пример за мала и отворена економија - да се согледа во контекст на продолжена интеграција на синџирите на снабдување; утврдување на рамнотежен девизен курс и факторите што го детерминираат девизниот курс со цел да се надминат слабостите и да се дејствува во насока на зголемување на економскиот раст; одржувањето на раст и намалувањето на невработеноста во мала и отворена економија како Македонија зависи токму од подобрувањето на перформансите на извозот кои можат да помогнат да се зачува макроекономската стабилност преку затворање на јазот кај тековната сметка за да се избегне губењето на резерви и да го запре растот на надворешниот долг. Подобрувањето на перформансите на извозот бара подобрување на конкурентноста; членството во Европската Унија може да ја подобри ситуација на Македонија само ако пристапот во голема мера ја прави Македонија локација од која странските инвеститори може да ѝ служат на пазарите ЕУ и ако самата домашна индустрија, со помош на СДИ, може да ги преземе потребните промени за нејзиниот аутпут; определување на можностите и капацитетите на мала и отворена економија како Македонија со помош на реалниот девизен курс како инструмент, да се увидуваат перформансите за можност за раст на извозот, зголемување на агрегатната побарувачка, односно зголемување на економскиот раст и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- St. Clement of Ohrid University of Bitola
- Year dc:date.issued
- 2014
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Boskov, Tatjana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18441/