University Goce Delcev Stip
Финансиската анализа на Извештајот за сеопфатна добивка како основа за ефикасно деловно одлучување
Abstract
dc:description.abstractЗошто е потребна анализа на финансиските извештаи? Одговорот се наоѓа во несовршеноста на системот на финансиско известување, изразена преку: несовпаѓањето помеѓу случувањето на деловните настани и нивното сметководствено признавање; различниот сметководствен третман на исти деловни трансакции во различни земји, дејности или компании; постоењето на значајни информации надвор од финансиските извештаи кои се значајни за формулирање на оценка за работењето на компаниите и слично. Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Финансиските извештаи претставуваат прегледи кои го опфаќаат целокупното работење на компанијата. Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира пред се на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите Предмет на анализа во овој магистерски труд е Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) кој претставува периодичен преглед на остварените приходи и расходи на компанијата во пресметковниот период, како и на финансискиот резултат. Информацијата за остварениот финансиски резултат на компанијата е една од основните врз која заинтересираните субјекти ги темелат своите деловни одлуки. Клучни зборови: финансиски извештај, сеопфатна добивка, приходи, расходи, анализа.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2017
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Nehtenin, Martina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18528/