University of Goce Delcev
Примена на стандардите на Европската Унија во апликација на средства за заштита на рaстенијата во Светиниколскиот регион
Abstract
dc:description.abstractКраток извадок Во Светиниколскиот регион земјоделското производство е водечка гранка а многу земјоделци имаат машини за апликација на пестициди. Во истражувањето се опфатени 125 фармери кои поседуваат такви машини. Фармерите се претежно со средно образование и долги години се занимаваат со оваа дејност. Машините што ги поседуваат за заштита на растенијата во просек надминуваат 10 години старост, и имаат неисправни делови. Самостојно ги употребуваат машините за заштита на растенијата, без посетувани обуки за нивна употреба и заштита при работа. Застареноста и големиот број на неисправни делови заедно со нестручната употреба на машините за заштита на растенијата, преку употреба на пестициди, претставува закана за животната средина и опасност по здравјето на луѓето и животните. Во Европската Унија се донесени законски прописи , како што е регулативата 2009/127/ЕС и европскиот стандард EN 13790, со кои се регулира исправноста на машините за апликација на пестициди и е потребно задолжителна нивна инспекција на одреден временски период. Република Македонија е земја – кандидат за членство во Европската Унија, и е обврзана да ги усогласи законските прописи од оваа област со законите во Европската Унија. Со истражувањето се согледува состојбата на техничката исправност на машините за апликација на пестициди во Светиниколскиот регион и само 7% од испитуваните машини ги исполнуваат европските стандарди. Клучни зборови: пестициди, апликација, заштита, инспекција, машини, животна средина, закон, стандарди, регулативи
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev
- Year dc:date.issued
- 2017
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Milenkov, Vanco
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18560/