Back to search

University of Goce Delcev

Градење на македонски дигитален јазичен корпус

Abstract

dc:description.abstract

Денешните информатички технологии кои се одликуваат со голем број на карактеристики и функционалности, овозможуваат развој на веб сервиси, апликации, системи и сл. кои може да се приспособуваат во сите сфери на денешницата. Она што е заедничко, всушност е дека најголемиот број од овие системи, сервиси и апликации генерално се состојат од форми за внесување или презентирање на резултат од претходно пребарување. Тоа што можеби е занемарено во однос на податоците во облик на текст т.е. говорен јазик е начинот на кој тој е презентиран на крајните корисници. Многу мал број од светските јазици во моментов ги уживаат придобивките на современите јазични технологии како што се препознавање на говорот и машински превод. Малку поголем број (помалку од 100) успеале да ги соберат основните средства кои се потребни како основа за напреднување на технологиите за крајниот корисник: монолингвални и билингвални корпуси, машинско-читливи речници, синоними, морфолошки анализатори, парсери, итн. Остатокот, повеќе од 98% од светските живи јазици ги немаат повеќето алатки, и затоа спаѓаат во групата на јазици дефинирани како недоволно ресурсни. Проучувањето на јазик кој вклучува поими и примери од секојдневната јазична употреба се нарекува корпус – компјутеризирани бази на податоци создадени за јазично истражување. Корпусот може да содржи текст од еден јазик (еднојазичен корпус) или текст од повеќе јазици (повеќејазичен корпус). Во лингвистиката, корпус (текст корпус) е голем и структуриран збир на текстови кои во денешно време се чуваат и обработуваат електронски. Корпусите се користат за да се направи статистичка анализа, тестирање, проверка или потврдување на јазичните правила во рамките на одредена јазична територија. Статистичките техники се клучен дел од најмодерните системи за обработка на природниот јазик. За жал, таквите техники бараат постоење на големи тела на текст, а во последно време развивањето на корпуси се покажа доста скапо. Како резултат на тоа, значителни корпуси постојат пред сè за јазици како англискиот, францускиот, германскиот итн., каде што постои потребата од NLP (Natural Language Processing) алатки. Во контекст на ова, во овој труд ќе се запознаеме со основните техники и начини кои се користат за креирање на дигитален јазичен корпус. Ќе проучиме кои се технологиите за градење на јазичниот корпус, какви сè алатки постојат за обработка на природните јазици и за вршење на различни анализи и статистики преку примена на македонскиот јазик. Клучни зборови: корпус, алатки, техники, обработка на природни јазици, препознавање на говор, машински превод.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
University of Goce Delcev
Year dc:date.issued
2017

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Ivanova, Marina

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/18632/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Ivanova, Marina. Градење на македонски дигитален јазичен корпус. masters thesis, University of Goce Delcev, 2017. https://eprints.ugd.edu.mk/18632/