Goce Delcev University Stip
Профитабилноста на македонските банки во време на глобалната финансиска и должничка криза
Abstract
dc:description.abstractРаботењето на банката се оценува врз основа на стапката на приносот што ја остваруваат акционерите на вложениот капитал, како и ризикот што тие го преземаат. Врз таа основа се поставени бројни финансиски показатели коишто отсликуваат различни аспекти поврзани со профитабилноста и ризичноста на банката. Овие показатели во основа се пресметуваат користејќи ги информациите содржани во финансиските извештаи. За разлика од банкарските системи на развиените земји, коишто главниот удар врз профитабилноста, како последица на меѓународната финансиска и економска криза, го почувствуваа во 2008 година, македонските банки бележат одложен тренд на влошена профитабилност, специфичен по многу карактеристики на банкарските системи на земјите од Западниот Балкан. Целта на овој труд е да се анализира профитабилноста на македонските банки во периодот 2008-2012 година, односно во време кога банкарскиот сектор за првпат ќе ги почувствува ефектите од големата финансика криза, па сѐ до 2012, година во којашто владее должничката криза. Клучни зборови: профитабилност, финансиска криза, показатели, приходи
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2017
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Arsova, Tanja
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/18739/