Goce Delcev University Stip
Ефикасното управување со трошоците во функција на успeшно работење на претпријатијата
Abstract
dc:description.abstractСовремените услови на работење што се карактеризираат со изразени, турбулентни промени во опкружувањето, бараат многу повеќе од релевантни и веродостојни информации што претставуваат многу значајна поддршка на менаџментот во сите фази на процесот на донесување одлуки. Во земјите со развиена пазарна и конкурентска економија се јавуваат нови пристапи, филозофии, концепти и техники во делот на сметководството на трошоците. Развојот на претпријатијата од областа на високите технологии и глобализацијата на работењето го доведуваат во прашање квалитетот на сметководствените информации добиени врз основа на традиционалните методи на пресметка на трошоците и ја наметнуваат потребата од промена на концепциите за утврдување на цената на чинење на производите. За оваа цел, сметководството на менаџментот треба да обезбеди информациска поддршка за управување на претпријатијата, кои како главна цел го имаат задоволувањето на барањата на купувачите, преку континуирано унапредување на работењето. Долгорочното одржување на конкурентската позиција на претпријатијата на пазарот е невозможно без активна политика на управување со трошоците. Од оваа причина, во овој магистерски труд се укажува токму на значењето на управувањето со трошоците како функција на менаџментот, преку анализа на различните системи за управување со трошоците, како традиционални, така и современи. Клучни зборови: трошоци, управување, информации, одлуки, системи
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2018
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Markova, Verica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/20081/