Goce Delcev University Stip
Анализа на ризиците во банкарското работење со посебен осврт на кредитниот ризик
Abstract
dc:description.abstractНеизвесноста е главна карактеристика на банкарското работење. Банките секојдневно се изложени под влијание на најразлични видови ризици особено во поново време кога со зголемен интензитет се развива и усовршува современото банкарство и специфичните банкарски производи. Еден од многуте ризици на кои се изложени банките е кредитниот ризик кој ја носи титулата “главен ризик” во банкарското работење. Успешноста и неуспешноста на банките зависи од начинот на кој се третираат ризиците, односно навремено идентификување и преземање соодветни, корективни мерки за заштита и минимизирање на ризиците. Целиот процес на управување со ризиците особено со кредитниот ризик е сложен и практично тој е содржан од пакет активности кои треба да се преземат, а услов за успешно извршување е: компетентно образование, висок степен на стручност и инвентивност кај менаџментот одговорен за управување со ризиците. Стабилноста и сигурноста се значајни карактеристики што треба да ја одликуваат секоја деловна банка, од една страна за да ја зачува својата позиција на пазарот и да се заштити од големата конкуренција во банкарската индустрија, а од друга страна да ги заштити депонентите и воедно да придонесе за развој на стабилен и здрав банкарски систем. За да се одржува стабилноста на високо ниво и процесот на управување со ризиците да биде ефикасен, банката мора да има одредени јасни стратешки цели и стратегии за управување со банкарските ризици. При проценка на сигурноста во работењето на банките клучен показетел кој се зема предвид е капиталот кој треба да е доволно голем за да се амортизираат загубите настанати од влијанието на одредени ризици и воедно адекватноста на капиталот да биде во соогласност со меѓународните стандарди и Базелските спогодби. Клучни зборови: банкарски ризици, кредитен ризик, управување со кредитниот ризик, адекватност на капиталот, сопствени средства. „
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2018
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Dimovska, Ivana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/20228/