Goce Delcev University Stip
Патолошки состојби за време на бременоста и влијанието на физичката активност врз трудницата и фетусот
Abstract
dc:description.abstractБременоста како најпосакувана состојба кога жената носи плод, несомнено отвора поле за поголема анализа во физиотерапевтската рехабилитација. Имено, во текот на бременоста се присутни многубројни соматски, психички и мускулно-коскени промени. Приспособувањата на мускулно-коскениот систем за време на бременоста доведуваат до многубројни промени врз држењето на телото на трудницата, односно нејзината постура (анг., posture). Исто така, зголемувањето на матката е ограничено од предната страна со абдоминалната мускулатура, а од задната страна со ’рбетот. Некои од промените доведуваат до нарушување на рамнотежата, скратување или прекумерно истегање на мускулите исо тоа, појава на болка. Вежбањето за време на бременоста може да превенира појава на болни синдроми во оваа регија. За изработка на програмата за вежби кај трудницата, физиотерапевтот треба да ги земе предвид нејзините телесни промени (кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, мускулно-коскениот систем, гастроинтестиналниот, урогениталниот и терморегулациските промени) и влијанието на промените на телесниот состав на трудницата врз фетусот т.е. феталниот одговор на вежбањето во текот на бременоста (промени во отчукувањата на срцето, варијабилноста на акцелерација и децелерација (забрзување и забавување), промени на феталната активност и движењето, промени во концентрацијата и размената на кислородот и јаглеродниот диоксид, терморегулациските промени и промените во утероплацентарниот проток). Клучни зборови: бременост, трудница, фетус, физичка активност, тримесечје.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2018
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Gjurovska, Danica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/20708/