Goce Delcev University Stip
Препознавање и управување со стресот во работните средини
Abstract
dc:description.abstractМоже да се каже дека појавата на стрес има свои корени во многу аспекти од секојдневното живеење на поединецот. Во приватниот живот и на професионален план, навлезен во секоја пора од општественото живеење, стресот со право го заслужи поимот „болест на милениумот“ или дваесеттиот век – „век на стресот“. Со големото значење и влијание во севкупното современо постоење го предизвика вниманието на бројни изучувачи и истражувачи во повеќе научни дисциплини. Стресот е одговор на организмот на барањата на надворешниот свет. Присутен е насекаде, во семејството, во работната средина, бидејќи околината е исполнета со стресори. Стресот е интензивна и непријатна долгорочна состојба, која предизвикува негативно влијание врз човековото здравје, неговата способност и продуктивност. Тој не ги заобиколи ниту вработените на работните места, така што стресот општо и стресот на работа станаа главни причинители за индивидуални и организациски проблеми во современото работење. Тоа ја наметна потребата од препознавање на присутноста на стресот на работно место, изнаоѓање што посоодветни методи за негово надминување и успешно справување, со цел создавање здрава работна средина и конкурентна и успешна работна организација. Таа улога освен на вработените им припадна и на менаџерите, кои преку адекватниот пристап и менаџирање со стресните состојби ќе го намалат влијанието на работниот стрес во работните средини. Во трудот е дадена содржинска и теоретска разработка на поимот стрес, извори и предизвикувачи на стресот, видови на стрес и стресори, како и различните аспекти на стресот; поимот стрес на работа, причините и последиците и синдромот на професионално согорување „burnout“; справувањето со стресот на работа, препознавање и преземање потребни чекори за управување со ризик од стрес и превенција од негова појава; менаџментот на стресот на работно место преку менаџерски пристап и 4 потенцирана улога на менаџментот во справувањето со стресот на работа и преземањето активности преку правилно формулирана менаџмент стратегија за успешно управување со стресот во работните средини, како и емпириско согледување на состојбите во организациите преку извршената анкета и табеларно, графички и пресметковно обработени податоци. Клучни зборови: стрес, стрес на работа, стресори, менаџери, менаџмент на стрес, справување, управување, превенција.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2018
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ilievska, Suzana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/20920/