Goce Delcev University, Stip
Некои врски меѓу математика и музика пренесени преку математичка анализа на фрагменти од музички дела
Abstract
dc:description.abstractМатематиката е наука која наоѓа примена во нашето секојдневие, во многу други области и науки. Кога се спомнува за корелација на математика и друго, она „другото“ е најчесто физика, архитектура, хемија, технички науки, програмирање, информатика... Секој од нас, секојдневно слуша музика од различен жанр. Кога дискутиравме со мојот ментор - професор Татјана Атанасова Пачемска, се роди заедничка идеја, да се направи истражување за поврзаноста и примената на математиката во музиката. Како математиката влијае, помага и ја менува музиката низ историјата и денес, што е тоа што ги поврзува математиката како наука и музиката како уметност. Ја избирам апликацијата на математика во музиката, од причина што таа речиси цело време е нејзин придружник, толку незабележително и истото не се истакнува. Во физиката, на пример, се забележителни математичките формули, каде јасно се забележува дека има математичка примена. Врската меѓу математиката и музиката се јавува многу одамна, уште од пред повеќе од две илјади години и опфаќа различни култури и цивилизации. Примената на математика во музиката, не беше дел од моето математичко образование. Ова ме натера да истражувам за врската меѓу математиката и музиката и нејзината примена. Најпрво ќе ја презентираме историската поврзаност на математиката и музиката. Потоа, следи делот со Питагора и неговиот придонес во музиката, напуштањето на питагоровата скала и потребата од еднаква темперација. За полесна анализа на музичките тонови и интервали, помогнала модуларната математика. Делот од комбинаторика бил искористен во дванаесет тонскиот систем. Алгебарските групи со нивните својства се структури кои многу често се среќаваат во музичките структури. Симетриите, транслациите и ротациите, се исто така трансформации кои се употребувани во музичките дела. 2 Преку анализа на фрагменти од музички дела од различни композитори и епохи, ќе се покажат примери во кои се среќааваат симетриите, транслациите и ротациите. Клучни зборови: транслации, танспозиции, симетрии, квинтен круг, дванаесет тонски
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2018
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Jovanova , Biljana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/21077/