Goce Delcev University Stip
Определување на квалитет и присуство на афлатоксин во млеко од Овчеполскиот Регион
Abstract
dc:description.abstractОвој труд претставува увид на бројот на бактериите и соматските клетки, како и присуство на афлатоскинот М1 (AFM1), како индикатори за квалитет на суровото млеко од Овчеполскиот Регион. За потребите на ова истражување е спроведена анализа на 1320 примероци за присуство на бактерии во сурово млеко, 479 примероци за присуство на соматски клетки во период од јануари 2018 година, до јуни 2018 година и 60 примероци за присуство на афлатоксин М1. Резултатите индицираат дека само 10,45% од мострите од млекото ја задоволуваат националната легислатива и параметрите кои се дадени во истата. Според европските стандарди за квалитет на млеко, присуството на бактерии не го задоволува стандардот, додека параметрите за соматски клетки се на задоволувачко ниво со 95,5%. Присуството на афлатоксин М1 беше предмет на анализа за време на инцидентот со микотоксинот во периодот од март 2013 година, до ноември 2014 година. Мострите беа анализирани за AFM1 со ELISA и со HPLC флуросцентен детектор како конфирмирачки метод. Концентрациите на AFM1 го надминаа максимумот на дозволените нивоа во 2 примерока, а највисоко детектираната концентрација беше 0,58 mg/kg Од направените анализи кај млекопроизводителите кои беа предмет на анализа во овој труд, може да се заклучи дека истите не се придржуваат кон добрата земјоделска пракса, нивото на контаминација на млекото е на високо ниво, што е резултат на: недоволна хигиена, неправилно постапување со млекото после молзење и недоволна едукација на фармерите за хигиената во примарното производство. Клучни зборови: Афлатоксин М1,Афлатоксин Б1, број на соматски клетки, број на бактерии, млеко, ELISA, HPLC-FD
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Arsevski, Zoran
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/21606/