Back to search

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Придонес кон подобрување на својствата на шевот во производство на облека

Abstract

dc:description.abstract

Целта на докторската дисертација е испитување на можностите за подобрување на квалитетот на шевот кај ткаенини наменети за производство на лесна женска облека, блуза и фустан, од аспект на јачина на шев и лизгање на шев. Во истражувањето, ткаенините се поделени во три категории според површинската маса и параметрите на шиење. Механичките својства на ткаенините се мерени со примена на систем за објективна евалуација на механички својства, FAST (Fabric Assurance by Simple Testing). Во конструкцијата на шевот е изведено вградување на термопластични зајакнувачки ленти. Употребени се три вида термопластични ленти прошиени со бодови кои имаат различна конструкција. Анализирани се поврзаностите помеѓу својствата на шевот, параметрите на структурата на шевот и карактеристичните механички и структурни параметри на ткаенините и извлечени соодветни регресиски зависности. Јачината на кинење на шевот, работата до кинење и издолжувањето до кинење покажуваат позитивна корелациона зависност со густината на жиците, покривниот фактор и релативната густина. Јачината на лизгање на шев покажува позитивна поврзаност со густината по јаток, релативната густина, издолжувањето на ткаенината до кинење и со должинската маса на шивачкиот конец. За испитуваната група ткаенини, анализирани се вредностите на карактеристичните механички својства на ткаенините на мали оптоварувања на FAST контролната карта, кои можат да се користат за предвидување на карактеристичното однесување на ткаенините во однос на лизгање на шевот во зависност од позицијата на контролната карта. Анализата на варијанса покажа дека термопластичните зајакнувачки ленти имаат статистички значајно влијание врз отпорноста на ткаенината кон лизгање на шевот. Со вградување на термопластична лента во конструкцијата на шевот, отпорноста кон лизгање на шевот се подобрува до 47 до 69% зависно од типот на користената лента. Јачината на кинење на шевовите со вградување на термопластичната лента може да се зголеми за 12%. Клучни зборови: облека, шевови, зајакнување на шев, јачина на кинење на шев, лизгање на шев, ткаенини, термопластични ленти, FAST

Degree

thesis:*
Name dc:type.qualificationname
phd
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Year dc:date.issued
2019

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Golomeova, Saska

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/21941/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Golomeova, Saska. Придонес кон подобрување на својствата на шевот во производство на облека. doctoral thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2019. https://eprints.ugd.edu.mk/21941/