Goce Delcev University Stip
Импактот на обуките врз мотивираноста на вработените и квалитетот на работата
Abstract
dc:description.abstractЕдукацијата на вработените е многу сложен процес и потребна е прецизна имплементација за секоја фаза. Компаниите откриле дека инвестирањето во човечки капитал во форма на обука и развој носи бенефит. Обуката е неопходна стратешка алатка за подобрување на перформансите на вработените, организациите постојано го зголемуваат буџетот за обука на годишна основа, верувајќи дека тоа ќе ги направи поконкурентни. Оние кои ја препознаваат вредноста на своите вработени и ставаат акцент на едукацијата и обуката, како резултат на тоа, стануваат се поконкурентни, успешни и профитабилни. Обуката има важна улога во ефективноста на организациите и на искуствата на луѓето во работата. Стратегија за обука вклучува систематска обука и подобрување на луѓето во организацијата, така што тие можат да ги постигнат своите цели и лични и корпоративни цели. Обуката е чин на зголемување на квалитетот на човечките ресурси, го зголемува човечкиот капитал, чија вредност суштински ја одредува организациската перформанса, го зголемува знаењето и вештините на вработените за вршење одредена работа, а обуката е интегрирана во функцијата на менаџментот со човечки ресурси. Главниот исход на обуката е учењето кое помага да се подобрат перформансите, новите навики, рафинираните вештини. Анализата на потребите за обука е првиот чекор, додека учењето во работната средина претставува кулминација на целиот образовен процес во организацијата, кој се состои од селекција и мотивација на учесниците, планирање и програмирање на едукативни содржини, методи и евалуација . Клучни зборови: менаџмент со човечки ресурси, обука, трансфер на знаење,мотивација, квалитет, задоволство од работата
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Janev, Ilija
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/21979/