Goce Delcev University Stip
Значењето на хепаталните ензими како биомаркери при биомониторинг на животните навики кај пациенти со дислипидемија
Abstract
dc:description.abstractДислипидемијата е хетероген збир на нарушувања, a ја карактеризираат абнормални концентрации на липидите и липопротеините. Особено важен кај пациентите со дислипидемија е биомониторингот,којшто го вклучува липидниот профил, но и хепаталните ензими со чијашто помош може да се одреди статинската терапија со цел побрзо и поефикасно третирање на пациентот. Целта на овој специјалистички труд е: да се укаже на важноста и значењето на хепаталните ензими како биомаркери за хепатотоксичност и на лошите животни навики кај испитаници со дислипидемија. Во овој специјалистички труд е направен биомониторинг на биохемиските маркери како хепаталните ензими (серумски аминотрансферази) како и други ензими (креатин киназа) во корелација со други животни навики. Дополнителен метод е компаративниот метод за споредба или корелација на хепаталните ензими со останатите биохемиски параметри коишто укажуваат на одредена физиолошка состојба во организмот. Временската рамка го вклучува периодот 2018-2019 година, којшто беше доволен временски интервал за завршување на истражувањето. Резултатите од овој труд ја потврдуваат важноста на хепаталните ензими како потенцијални биомаркери со коишто може да се следи физиолошката состојба на хепарот во корелација со одредени животни навики кај пациенти со дислипидемија. Исто така, пронајдено беше дека кај одредени испитаници со прекумерна тежина, пушачи и други ризични групи, има покачени вредности на одредени хепатални ензими (како што се серумските аминотрансферази),но и други ензими (креатин киназата) како биохемиски маркери. Клучни зборови: биомониторинг, биомаркери, хетапални ензими, дислипидемија, животни навики, липиден профил.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanovska, Slagana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/22190/