University Goce Delcev-Stip
Признавање на државите во меѓународното право и меѓународните односи
Abstract
dc:description.abstractУредувањето на односите помеѓу државите се стари колку и постоењето на самата држава. Денес, научната јавност пред себе има огромен број информации за настанокот, обележјата на државата и нејзините модификации во развојот. Државата е вид на „правна личност“ која е призната од меѓународното право. Државата како субјект на меѓународното право, ја препознаваме преку правните критериуми кои ја определуваат и тоа: постојано население, дефинирана територија, суверена власт,правен капацитет да влегува во односи со други субјекти на меѓународното право и волја да ги почитува основните начела и норми на меѓународното право. Државата и правото биле предмет на интересирање уште во почетниот стадиум на развој на цивилизацијата. Отворајќи го прашањето за признавање на една од страна на друга држава, и како тоа влијае на нејзиното постоење и функционирање, доаѓаме до најнепрецизниот дел на меѓународното право и обичаи. До денес не постои конкретно правило според кое една држава станува меѓународно признаена и остварува право на државност и право да учествува како еднаква со другите држави во разните меѓународни организации. Направени се обиди за воспоставување на универзални критериуми за добивање на споменатите статуси и можности меѓутоа ниту еден не успеал да се афирмира како релевантен и почитуван од сите држави во светот. Токму признавањето на државите во меѓународното право и меѓународните односи ќе биде предмет на интересирање на оваа докторска дисертација. Со оглед на тоа што правото, особено меѓународното, е жива материја отворена за интерпретација, а основните правни обележја на една држава се јасни, сепак може да се констатираат два типа на држави кои се делат на: - de jure (де јуре) - постојат според правото, и -de facto (де факто) - постојат во реалноста, врз база на тоа дали и кои од карактеристиките на државноста ги поседуваат. Правно гледано актот на „признавањето“ на државата е правно-формален акт и нема директно влијание врз суштинската независност и постоењето на државата (ефективноста на нејзиното постоење), но често изостанувањето на признавањето од една или повеќе земји може да создаде сериозни тешкотии за новата држава и нејзиното понатамошно вклучување во меѓународните односи. Ова укажува дека актот на признавањето има и политичка, не само правна тежина. Затоа во оваа докторска дисертација ќе се осврнеме и спротивставените теории за водење на меѓународни односи помеѓу државите и влијанието кое тие го имаат врз институтот „признавање на државите“. Во денешни услови сведоци сме дека иако правото е создадено да се почитува како своевидна форма на „апсолутна вистина“ за државите, сепак тоа секојдневно се релативизира од страна на „големите сили“, а поединечните случаи тоа го потврдуваат.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev-Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanovska-Stefanova, Aneta
Subjects
dc:subject × 3Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/22248/