Abstract
dc:description.abstractПрвичните почетоци од развојот на интерната ревизија се јавиле уште во Вавилон, каде се вршеле надгледувања над работењето на оние кои ракувале со пари и паричните вредности. За постоењето на интерната ревизија од тоа време сведочи доказот што даночните приходи биле евидентирани од две лица: едното лице бил извршител, а другото било евидентичар и контролор на собраните – наплатените даноци. Во текот на XVI, XVII и првите децении на XVIII век интерната ревизија се развивала, иако со позабавено темпо и во други земји во светот како: САД, Германија, Шпанија, Австрија, Канада, Франција и др. Имајќи во предвид дека постојат различни теоретски стојалишта за поимот интерна ревизија, тука е потенциран фактот дека развојот на стопанството, промената на компаниската организациска структура (сегментирањето на деловни и профитни центри), зголемувањето на бројот на сопственици на капиталот (појавата на акционерскиот капитал), како и развојот на менаџерството со целата негова одговорност за работењето на деловните субјекти итн. го условиле појавувањето на ревизијата во самите деловни ентитети – односно интерната ревизија. Постоењето на интерната ревизија е регулирано со Закон за трговски друштва во РМ и со одделни статуарни и други одредби донесени во самата компанија. Тоа значи, дека интерната ревизија е резултат на потребата на деловните субјекти за поефикасна контрола и поефикасно работење и има законска основа за големите акционерски друштва – субјекти што котираат на берзата, субјекти со посебни обврски за известување, финансиски институции (банкарски и осигурителни) и јавниот сектор (државни институции и претпријатија во кои државата е доминантен сопственик). Клучни зборови: интерна ревизија, даночни приходи, контрола, финансиски
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Taseva, Katerina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/22571/