Goce Delcev University Stip
Одредување на ориентација на подвижни објекти со помош на векторски мерења од видео камера
Abstract
dc:description.abstractОдредување (пресметување) на став или ориентација на подвижни објекти е од голема важност во денешно време како во секојдневното живеење така и во многу сектори во индустријата. Во филмската индустрија се користи за компјутерско генерирање на слики и ликови. Во автомобилската индустрија се користи како алатка за инспекција и мониторирање на делови. Во одбраната се користи за следење и управување на подвижни објекти, а воедно и како заштита на безбедноста на сопствените сили од непријателски подвижни објекти. Во секторот на медицината се користи за рехабилитирање на повреди на телото кај човекот. Додека кај спортот може да придонесе до пронаоѓање начин како да се постигнат подобри резултати. За одредување на ориентацијата на подвижните објекти се користат различни видови на сензори. Денес со напредувањето на технологијата често се користат МЕМС инерцијалните сензори (анг.MEMS), кои што се мали, ефтини и прецизни. Сепак видео сензорите се еден друг вид на сензори, кои што денес се задолжителни за употреба. Тие обезбедуваат богат извор на информации дадени како релативни мерења помеѓу параметрите на подвижниот објект (позиција, брзина и ориентација) и околината. Овој магистерски труд презентира една рамка за одредување на ориентацијата на подвижни објекти со помош на векторски мерења од единечна камера. Претпоставуваме дека имаме позната околина во форма на мапа и точни позиции на подвижниот објект од каде мерењата се земени. Итеративни нумерички решенија базирани на Гаус-Њутновиот метод и Левенберг-Маркарт методот се презентирани. Предностите и недостатоците на двете решенија се презентирани
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2019
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Vladimirov, Angel
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/22816/