Back to search

Goce Delcev Univeristy Stip

Испитување на тешки метали со атомска апсорпциона спектрофотометрија во прилагодени млечни формулации за бебиња

Abstract

dc:description.abstract

Хуманото млеко е најдобра храна за новороденчињата и доенчињата. Меѓутоа ако мајката од објективни или субјективни причини не може да го дои своето новороденче тогаш се наметнува потребата за исхрана со друг вид на млеко - прилагодени млечни формулации. На пазарот според степенот на модификација се разликуваат почетни, последователни и млечни формулации наменети за исхрана после 12 месечна возраст со ознака на амбалажата со бројка 1, 2 и 3. Современиот живот не може да се замисли без агро-хемикалии, бои, пластични материјали, сето тоа придонесува до секојдневно зголемување на штетните агенси во животната средина (биолошки, физички и хемиски). Доенчињата и малите деца се посензитивни на токсичните тешки метали, поради нивната повисока апсорпција од возрасните. Терминот тешки метали се однесува на метали со релативна висока густина поголема од 5g/cm3. Цинкот, манганот, бакарот, во форма на елементи во траги се неопходни за метаболички функции во организамот, додека пак оловото, кадмиумот, арсенот и живата се токсични. Целта на овој труд е да се прикажат одредените концентрации на цинк, манган, бакар, олово, кадмиум, арсен, и жива, во прилагодени млечни формулации за доенчиња и мали деца кои се присутни на пазарот или се увезуваат, што ќе преставува показател за безбедност или небезбедност на оваа храна. Како материјал, се користеа податоци од анализите на цинк, манган, бакар, олово, кадмиум, арсен и жива извршени во 80 примероци на прилагодени млечни формулации од кравјо млеко за доенчиња и мали деца според возраста како: почетни означени со број 1, последователни означени со број 2, млечни формулации означени со бројот 3 и млечни формулации со соодветна ознака наменети за бебиња со здравствени тегоби. Анализата на примероците е направена во лабораторијата за испитување на метали при Центарот за референтни лаборатории во Институтот за јавно здравје на РСМ. За обработка на податоците е користен дескриптивен метод за период од 2014 до 2018 година. Користена техника за испитување на тешките метали е AAS - Атомска апсорпциона спектрофотометрија. За одредување на Pb, Cd, As, Cu и Mn е користена техника на ETAAS - Електротермичка атомска апсорпциона спектрофотометрија, за одредување на Zn е користена техника FAAS - Пламена атомска апсорпциона спектрофотометрија, Hg со техника CVAAS - со ладни пареи со помош на живин систем со континуирано инјектирање. Од добиените резултатите се констатира дека кај две прилагодени млечни формулации Aptamil 2 и Novalac AC содржината на бакар изнесува 1,5 mg/kg(l) и е во рамките на максимално дозволени концентрации, но не ја надминува максималната вредност. Содржина на олово од 0,02 mg/kg(l) има во Novalac и Aptamil 1 и е во рамките на Максимално дозволени концентрации, на горната граница, но не го надминува максималното ниво 0,02 mg/kg(l) според Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти. Според добиените резултати може да се констатира дека ниту еден метал не ги надминува максимално дозволените концентрации според извештајот од извршеното тестирање направено во ИЈЗ на РСМ и одговара на Правилникот за посебните барања за безбедност на храната за посебна нутритивна употреба – млечна храна за доенчиња со што се потврдува нивната безбедност. Клучни зборови: хемиски агенси, индустријата, земјоделие, токсични, доенчиња, безбедност

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev Univeristy Stip
Year dc:date.issued
2019

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Nakova, Elizabeta

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/22962/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Nakova, Elizabeta. Испитување на тешки метали со атомска апсорпциона спектрофотометрија во прилагодени млечни формулации за бебиња. other thesis, Goce Delcev Univeristy Stip, 2019. https://eprints.ugd.edu.mk/22962/