Back to search

Goce Delcev University Stip

Маркетингот на социјалните медиуми како комплементарна активност од маркетинг стратегија

Abstract

dc:description.abstract

Маркетингот е веројатно најзначајната функција во водењето бизнис во современото опкружување и фактор за успех. Развојот на технологијата, комуникацискиот бум и интернетот им овозможија на социјалните медиуми да се позиционираат како едни од најважните маркетинг алатки на маркетарите. Социјалните медиуми им овозможија на луѓето да ги добијат потребните информации и да водат активна конверзација за прашањата од нивен непосреден интерес. Во ваквата активна интеракција, маркетарите можат директно да воспостават контакт со купувачите и да добијат корисни информации за купувачите, како и да понудат решение за задоволување на нивните потреби. Но, и купувачите ја трансформираат својата улога од читатели и гледачи на содржина карактеристична кај традиционалните масовни маркетинг медиуми, во улога на активни соработници, критичари, адвокати, даватели на препораки и дизајнери на брендовите. На тој начин сопственоста на брендот станува заедничка, на купувачите и маркетарите. Маркетарите мора да учествуваат во конверзацијата со посетителите на нивните социјални мрежи и да знаат да ги слушаат. Они мора да ги искористат социјалните медиуми како маркетинг алатки кои водат кон успешна конверзија во продажната инка, при тоа градејќи долгорочна соработка и лојалност на купувачите. Притоа е особено важно сите вработени кај маркетарите да бидат вклучени соодветно во конверзацијата. Маркетарите, како и купувачите, се во континуиран процес на учење како ефективно да се користат социјалните медиуми за комуницирање и поврзување. Социјалните медиуми ја олеснуваат двонасочната комуникација и влијаат на однесувањето на учесниците преку ширење на информации. Клучни зборови: дигитален маркетинг, директен маркетинг, социјални платформи, огласување, бренд, комуникација, аналитика

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2019

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Martinovski, Zupan

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/23239/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Martinovski, Zupan. Маркетингот на социјалните медиуми како комплементарна активност од маркетинг стратегија. masters thesis, Goce Delcev University Stip, 2019. https://eprints.ugd.edu.mk/23239/