Goce Delcev University Stip
Обезбедување достатен и соодветен ревизорски доказ како основа за ревизорско мислење
Abstract
dc:description.abstractРевизијата подразбира процес на систематско прибирање и оценка на докази во врска со финансиските извештаи на една компанија, со цел да се одреди степенот на кореспондентност меѓу финансиските извештаи на ентитетот и законски утврдените критериуми, со цел да се даде реална слика за компанијата на сите заинтересирани страни за работењето на истата. Тоа е логичен систематски процес кој дава известување за квалитетот на финансиските извештаи, преку претходно добро структуиран пристап, со прецизно дефинирани цели и тоа со цел одговорно да даде основа за одлуки на интерните и екстерните корисници. Станува збор за комплексна функција која бара време и напор од страна на ревизорот во сите фази од испитувањето на финансиските извештаи. Ревизорот сноси одговорност пред корисниците при дефинирањето на неговото мислење, па затоа од него се бара реално толкување и оценување на финансиските извештаи - а со тоа давање оценка и рејтинг на компанијата чии финансиски извештаи се предмет на анализа. Тој треба да одговори дали ревидираните информации се во согласност со воспоставените критериуми. На тој начин, спречува измами, прекривање, избегнување и заобиколување на законските обврски. За да може да одговори на ова барање, потребно е да собере доволно во квантитет и квалитет ревизорски докази, кои што ќе го поткрепуваат неговото мислење. Во процесот на ревизијата вклучено е собирање и оценка на доказите, а доказот е каква било информација која ја добива ревизорот преку соодветните методи кои ги користи при истражувањето од негова страна. Тоа е всушност и најкритичниот дел од сите последователни фази во процесот на ревизијата. Без оглед на тоа во каква форма ќе се добијат доказите, тие треба да имат доверлива моќ, односно да придонесат за успешно оценување на точноста на финансиските извештаи. Клучни зборови: достатен и содветен ревизорски доказ, финансиски извештаи, мислење, методи, техники.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Nanova, Julija
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/23813/