Goce Delcev University Stip
Улогата на менаџерот за унапредување на продажбата, со осврт на дрвната индустрија
Abstract
dc:description.abstractЖивееме во мошне брзо и динамично време каде што за беспрекорно функционирање на една компанија се потребни добро обучен менаџер и менаџерски тим за да може компанијата да оствари профит и да се одржи на пазарот, како и да се носи чекор со чекор со конкуренцијата, па и да ја надмине. Секојдневните зголемени обврски на менаџерите налагаат формирање менаџерски тимови за поефикасно и поефективно работење во компаниите, што не значи дека ќе биде поекономично. Најважно е да се зголеми профитот и да се унапреди продажбата, а со тоа да се стане лидер на пазарот. Менаџерот претставува водач, организатор, координатор, мотиватор, одлучувач и супервизор во работењето на едно претпријатие со целокупните негови ресурси, па затоа менаџирањето е еден од најважните фактори во работењето на претпријатието и целокупниот бизнис. Во ова брзо и динамично време во коешто живееме, менаџерите се свесни дека за унапредување на продажбата во нивните компании мошне важно е колку менаџерот знае, како и на кој начин ги употребува информациите што ги знае, колку брзо учи нешто ново и сл. Така, со овој труд ќе откриеме која е навистина улогата на менаџерот за унапредување на продажбата и како менаџерот функционира во практиката. Главната цел на компаниите е максимизирањето на профитот, а главната улога ја има менаџерот во компаниите којшто е одговорен за унапредување на продажбата и унапредувањео на конкурентноста на компанијата на пазарот. Клучни зборови: менаџер, претпријатие, продажба, унапредување на квалитетот на работењето.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Micev, Stefan
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/23844/