Goce Delcev University Stip
Рехабилитација на спортски повреди со методи на Традиционална Кинеска медицина
Abstract
dc:description.abstractМоже би фаталниот недостаток на западната медицина е нејзината неспособност за ефективно лекување на повредите на меките ткива. Нејзини силни страни се оперативните зафати и лекарствата. Но при повредите на меките ткива, фармацевтските производи само го маскираат проблемот, а операцијата понекогаш може да причини повеќе штета, отколку корист. За среќа, Традиционалната Кинеска медицина (TCM) се справува успешно со повредите на меките ткива уште пред илјада години. Акупунктурата, со вметнување на тенки игли во акупунктурните точки на телото го забрзува процесот на ефективно лекување на овие повреди. Целта на истражувањето е: да се определи ефектот од акупунктурата при лекување на повреди на меките ткива кај спортисти. Задачи на истражувањето: класификација на спортските повреди, класификација на повредите на меките ткива и, калсификација на видовите спорт кои што ги практикуваат спортистите со повреди на меките ткива. Методи на истражување: Истражувањето е сроведено во Центар за традиционална кинеска медицина и во Рекреативниот центар при УГД- Штип, во периодот од еден месец. Во истражувањето учествуваат 38 спортисти со повреди на меките ткива, кои што се разделени во две групи. Ø Пациентите во контролната група се лекувани со конзервативен третман кој вклучува RICE протокол, физикална терапија и кинезитерапија. Ø Пациентите от Експерименталната група се лекувани со акупунктура на тендино-мускулните меридиани (TMM) и Jing-Well точки (12 точки на врвовите на прстите на рацете и на нозете). Резултати: Резултатите покажуваат дека многу симптоми се ублажуваат со стимулирање на една точка или комбинација от точки, вклучувајќи ги сите 12 Jing-Well точки. Методите за стимулирање вклучуваат акупунктура и моксибустија. Дискусија: Jing-Well точките се единствените акупунктурни точки, кои што се дел и од основниот меридиан и от тендино-мускулниот меридиан. Овие точки претставуваат првиот сет од пет-те Шу точки во близина на ноктите, и го образуваат почетокот на 12-те јин и јанг меридијани. Заклучок: Лекувањето на тендино-мускулните меридиани (TMM) е едно от првите нешта, кои што треба да се земат во предвид при лекувањето на спортски повреди и болка. Активирањето на овие важни патишта може да биде од решавачко значење за ефективно лекување на пациенти со акутна траума или повторувачки стрес трауми. Клучни зборови: меки ткива, контузии дисторзии, луксации, мускули, лигаменти, тетиви, акупунктура.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Mitkov, Vlatko
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/24017/