Goce Delcev University Stip
Рехабилитација на спортски повреди со методи на Традиционална кинеска медицина
Abstract
dc:description.abstractРезиме: Тендинитот на Ахиловата тетива е едно от најчестите хронични заболувања кое што ги засега спортистите. И покрај тоа што е најздравата тетива во човечкото тело, системските големи оптоварувања во спортот и неадекватното лекување на трауми, може да бидат причина за хронична болка и воспаление. Воспалението на ахиловата тетива може да се појави на две места: во средината на тетивата и на местото каде што се прикрепува кон коската на петата. Целта на истражувањето е: да се определи ефектот од акупунктурата при лекување на тендинит на ахиловата тетива кај спортисти. Методи на истражувачка дејност: Истражувањето е спроведено во Рекреативниот Центар при УГД - Штип, во период од 2 месеци. Во истражувањето учествуваат 9 спортисти со воспаление или повреда на ахиловата тетива, кои што се поделени во две групи. Кај Пациентите од контролната група се применува конзервативно лекување со физикална терапија и кинезитерапија. Кај Пациентите од Експерименталната група освен конзервативен третман се применува и акупунктурен третман во соодветната зона на ахиловата тетива. Резултати: акупунктурата има позитивно влијание на ахиловата тетива како при акутни, така и при хронични состојби. Акупунктурата значително ја намалува болката и отокот во зоната на ахиловата тетива, со што се зголемува нејзината функционалност. Дискусија: истражувањата покажуваат неколку важни откритија. Акупунктурата го забрзува оздравувањето и враќањето на нормалната функција на ахиловата тетива. Освен тоа, акупунктурата ја зацврстува тетивата и може да спречи појава на рецидив. Заклучок: акупунктурата е високоефективна, со брзи резултати како за акутна, така и за хронична ахилова тендинопатија и се спроведува многу лесно. Акупунктурата е широко користена во клиниките по целиот свет и масовно се применува од страна на професионалните спортисти. Клучни зборови: ахилова тетива, тендинопатија, повреда, акупунктура,
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Male, Kristi
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/24046/