Goce Delcev University Stip
Жените и лидерството: развој, стил на лидерство и ефикасност со анализа на застапеноста на жени лидери во Република Северна Македонија
Abstract
dc:description.abstractПрашањата за родот и различностите во организациите неразделно се разгледуваат. Истражувачите, практичарите и работодавците признаваат дека жените претставуваат поголем процент од работната сила. Уште поважно, овој раст постои на сите нивоа на организациската хиерархија. Родовата сегрегација во однос на лидерството е тема која и не треба да постои во облиците на денешните општества. Но постои, и затоа е потребна работа за да се утврди дека женското лидерство во организациите е бенефит не само за компаниите, туку и за целата економија и општеството. Сепак преку голем број платформи, потоа декларации и идејни планови женското раководење е сместено во рамките на развој и иден предизвик. Жените сѐ повеќе се високообразовани и се на истата скала со мажите во однос на работните часови, што дозволува изедначување во хиерархијата во една организација. Сведоци сме дека во врвот на Европската Унија се токму женските лидери и тоа е предизвик не само за женскиот род, туку и за целокупната состојба. Стиловите на лидерство кои ги претпочитаат жените лидери, нивната моќ како жени, потоа комбинацијата на утврдувањето на стратегиските цели преку визиите и способностите на лидерите ќе придонесат да се изостави спецификацијата и поделбата на женско и машко лидерство. Особено е важно овој процес кој е започнат масовно да се практикува и во Република Северна Македонија да продолжи и да се забрза, со што ќе се покаже вредноста на македонската жена и она што таа умее да го направи за своето општество. Затоа сите трудови кои се посветени на женското лидерство треба да бидат во функција на избегнување на терминот родово лидерство и да постои само поимот успешно лидерство.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Jovanova, Radica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/24154/