Goce Delcev University Stip
Серолошка детекција и молекуларна типизација на еритроцитни клеточни антигени
Abstract
dc:description.abstractКрвната група претставува биолошка особина што останува непроменета во текот на животот. Еритроцитните антигени се класифицирани во крвни групи, од кои најпознати се ABO и Rh, според кои едно лице може да биде крвна група А, B, AB и О, Rh-позитивно или Rh-негативно. Основен јаглехидратен антиген на еритроцитната мембрана е трисахаридот кој се состои од галактоза, фруктоза и Nацетил галактозамин. Други антигени што се идентификуваат во трансфузиолошките лаборатории се антигени од Rh, Kell, Duffy, Kidd, MNS системот. ABO крвногрупниот систем поседува различни антигени во однос на крвните групи А, B, AB и О на површината на еритроцитната мембрана (антигени) и различни антитела во плазмата. Антигенот D е најважен антиген во Rh-системот. Постојат и одреден број лица со варијанти на антигенот D, таканаречен слаб D (weak), парцијален D и фенотип DEL. Класичен метод за тестирање антигени и антитела е хемаглутинацијата, но некои негови ограничувања можат да се надминат со примена на молекуларни методи – генотипизација. Во периодот од јуни до ноември 2019 година, на Институтот за трансфузиска медицина – Скопје беа обработени 759 примероци од пациенти од СТМ при Ј.З.У. Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир. Кај сите примероци се одредени крвните групи и Rh-факторот. Oд резултатите од обработените примероци крв, дојдовме до заклучок дека најзастапена крвна група во нашата држава е крвната група А. Потоа според застапеноста следува крвната група О, а поретко застапени се крвните групи В и АВ. Во однос на Rh-факторот, најголем дел од населението во Македонија е Rhпозитивно, а поретко Rh-негативно. Клучни зборови: еритроцитни антигени, антитела, серолошка детекција,
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Mitrevska, Nada
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/24460/