Goce Delcev University Stip
Финансиската анализа и управувањето со кредитниот ризик во банките
Abstract
dc:description.abstractЗа да се избегне ризикот во работењето на банките, или барем да се доведе во прифатливи граници, потребно е ефикасно да се анализира и управува со него. Ефикасната финансиска анализа на работењето на една компанија, која се јавува како кредитобарател, треба да укаже на клучните точки и процеси во кои настанува кредитниот ризик во работењето на банките. На ризик може да бидат изложени сите делови од работењето на банките, и тоа на директна и индиректна изложеност, како одговорност на трети лица, изложеност на пазарот и друга изложеност. Управувањето со ризикот претставува дел од политиката на работа на банката, а во согласност со тоа може да се дефинира и како определена функција за осигурување - обезбедување од ризикот. Сите фактори кои влијаат на појавата на ризикот се истражуваат во процесот на финансиската анализа, односно анализата на финансиската состојба и успешност на компаниите кредитобаратели. Целта на анализата е опишување и мерење на неизвесноста на конкретна кредитна активност. Финансиската анализа опфаќа испитување на работењето на компанијата во минатото и во сегашноста, како би се добиле што подобри предвидувања за идното работење и за способноста на компаниите за редовно сервисирање на долговите кон банките
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Doneva, Antica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/26602/