Goce Delcev University Stip
Влијанието на културата врз креирањето и извршувањето на менаџмент стратегијата во претпријатијата
Abstract
dc:description.abstractПо појавата на поимот стратегија на почетокот на педесеттите и шеесеттите години од 20 век, како дисциплина почна да се развива стратегискиот менаџмент. Како релативно нова научна дисциплина, основна цел на стратегискиот менаџмент е да ѝ овозможи на организацијата рационално и навремено да реагира на сите промени што доаѓаат од окружувањето. Денес, во услови кога сè се менува со голема брзина и кога промените се непредвидливи, стратегискиот менаџмент е неопходен. Во ова динамично време, кога организацијата се соочува со многу предизвици што доаѓаат од надворешните и внатрешните фактори на промени, стратегискиот пристап на менаџментот овозможува организацијата да опстои, да се оспособи и да презема акција за избегнување на замките што доаѓаат од окружувањето на организацијата. Поточно, стратегискиот менаџмент е процес што ѝ овозможува на организацијата да ги насочи активностите кон реализација на нејзината стратегија. Стратегискиот менаџмент им овозможува на менаџерите да преземаат акција или иницијатива во која се вклучени и користењето средства за подобрување на организацијата и полесно постигнување на поставените цели и задачи. Тоа подразбира дека менаџерите можат да одредат визија, мисија и цели, планови и стратегии за развој, доделување ресурси сè со цел постигнување на поставените цели на организацијата. Клучни зборови: организација, стратегиски менаџмент, стратегија
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanovska, Elena
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/26604/