Abstract
dc:description.abstractПателарен тендинитис, познат и како скокачко колено, е воспаление на тетивата која што го прицврстува мускулот за коската. Има инциденца од околу 20% кај спортовите со скокање, вклучувајќи одбојка, кошарка, ракомет и атлетика. Често е придружен со тендосиновитис, кој што претставува воспаление на обвивката на тетивата. Тетивите се бело ткиво и имаат многу мал проток на крв во областа, поради што заздравувањето може да потрае подолго време. Затоа е важно да се започне со третман што е можно порано откако ќе се појават симптомите. Спротивно на тетивите, мускулите се полни со крв и со кислород, па затоа мускулите и меките ткива оздравуваат многу побрзо. Симптоми: фокална болка во инфра-пателарниот регион, особено при движење; оток над пателата, а во некои случаи трнење и вкочанетост, кои што можат да го ограничат движењето на засегнатиот зглоб. Причина за воспалението е често повторувана траума или прекумерно оптоварување на тетивата. Хроничната прекумерна употреба на тетивите доведува до микроскопски солзи во матрицата на колагенот, што постепено го ослабува ткивото. Овие причини можат да доведат до „локална конгестија на крвта и и енергијата Чи (Qi) во енергетските меридијани. Во повеќето случаи, со конзервативен третман се постигнуваат добри резултати. Рехабилитацијата се спроведува со физикална терапија. Важна препорака за пациентите е секогаш да применуваат истегнување (стречинг) пред и после физичка или спортска активност. Особено важно кај пателарен тендинитис е истегнувањето на феморалниот квадрицепс и мускулите флексори од задниот дел на бутот. Во потешки, хронични и повторливи случаи, може да примени хируршки третман. Истражувањата покажуваат дека акупунктурата ја намалува болката при пателарен тендинитис. Поставувањето на иглата во засегнатата област внесува поголем проток на крв и кислород околу тетивата.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2021
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Simic, Bozidar
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/27836/