Goce Delcev University Stip
Видови беззабост и нивна рехабилитација со различни видови мобилни протетски изработки
Abstract
dc:description.abstractПротеза претставува вештачки изработен и поставен орган или дел од орган во човечкото тело. Зборот протеза потекнува од старогрчкиот збор "Prostetis" и означува вештачка наставка однозно надоместок на дел од орган или замена на целиот орган. Медицинските протези се по вештачки начин изработени помагала кои повеќе или помалку успешно функционално и естетски ги симулираат изгубените ткива. Нивната основна задача е да ја заменат фукнцијата на изгубениот орган. Стоматолошките парцијални и тотални протези спаѓаат во редот на поквалитетните медицински протези. Цел на специјалистички труд е да ги објасни различните видови на мобилни стоматопротетски изработки, постапката на изработка, различните класификации за типовите на беззабост, нивна рехабилитација во секојдневната работа во заботехничката пракса, како и да се презентира составот на употребените материјалите од кои се изработени. Материјал и метод на работа: Истражувачкиот материјал вклучува 117 испитаници - пациенти, од двата пола на возраст од 28 години до 83 години, кај кои беа изработени 174 мобилни стоматопротетски изработки во заботехничката лабораторија (приватната здравствена установа - ПЗУ „Гордана“ во Кочани), во периодот од 01.01.2019 година до 31.06.2019 година. Истражувачкиот материјал беше анализиран според: пол и возраст, вид на беззабост (класификација според Кенеди), вид на мобилна стоматопротетска изработка (парцијална, субтотална и тотална протеза), вид на материјалот за изработка на мобилна стоматопротетска изработка (акрилатни протези, акрилатни протези со меко налегнување на базата, флексибилни термопластични протези). Резултати: Врз основа на спроведената анализа беше утврдено дека најзастапени беа испитаниците на возраст од 61-70 години (52 пациенти или 44%). Беа изработени 90 (52%) надокнади во горната вилица со тоталната беззабост и 84 Специјалистички труд Светлана Иванова 6 | P a g e или 48% во долната вилица. Тоталната беззабност во горната вилица беше позастапена и тоа во 64% од изработките во однос на парцијалната и субтоталната беззабност, а во долната вилица тоталната протеза беше застапена во 50% од изработките. Според употребуваниот материјал од кои беа изработени мобилните стомато протетички изработки може да се заклучи дека 49 или 28% беа обични акрилатни протези кај 34 испитаници. Потоа, 49 или 28% акрилатни протези со меко налегнување на базата (комбинирани протези) беа кај 30 испитаници, а најмногу односно, 76 или 44% флексибилни термопластични протези (TCS) беа кај 53 пациенти. Заклучок: Познавањето на различните класификации за типовите на беззабост е во тесна корелација со оправданоста за нивната изработка во зависност од видот на беззабост во согласност со соодветна класификацијата. Познавањето на различните видови на мобилни стоматопротетски изработки, постапката на изработка, како и познавањето на составот на различните видови материјали, класични и современи, од кои може да бидат изработени претставуваат појдовна основа за изработување на квалитетни стоматопротетички надокнади. Клучни зборови: Парцијална протеза, мобилни протетски изработки, видови протетски изработки, видови беззабост, рехабилитација.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2021
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ivanova, Svetlana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/28092/