Back to search

Ss. Cyril and Methodious University - Skopje

Развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од фотоволтаични панели за оптимизација на нејзината геометрија за поефикасна искористеност на плац

Abstract

dc:description.abstract

Истражувањата на фотоволтаичните технологии континуирано се насочени кон зголемувањето на ефикасноста на сончевите ќелии, земајќи предвид повеќе аспекти, како што се материјалите и процесот на производство. Појдовен критериум за процентот на искористување на конверзијата на сончевата енрегија во електрична кај фотоволтаичните панели е тие да бидат максимално изложени на сончево зрачење. Ова може да се постигне со воведување на тракинг на сезонска или дневна основа, како и со намалување на ефектот на сенка што се јавува како резултат на поставеноста на фотоволтаичните панели, т.е. меѓусенчењето. Во оваа докторска дисертација се направени истражувања за можностите за зголемување на површинската ефикасност на даден плац, со воведување на меѓусенчење и определување на неговото влијание врз вкупната произведена електрична енергија. Овие истражувања се направени со развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од девет фотоволтаични панели, како основа за дефинирање на ефектите од меѓусенчењето. Потврдата на моделот на сенка е направена во софтверот ARCHICAD каде визуелно се прикажани добиените видови на сенките што можат да се добијат на фотоволтаичните панели. Точноста на моделот на сенка е потврденa и со споредба со објавени нумерички и експериментални резултати. Моделот на сенка, вклучувајќи ги моделот на сончева положба и моделот на сончево зрачење се имплементира во аналитички софтвер што овозможува да се направат истражувања на моментната вредност на моќноста и вредноста на произведентана електрична енергија за различни географски ширини од интервалот од 0 до 65 степени на северната хемисфера. Аналитичкиот софтвер овозможува оптимизирање на геометријата на фотоволтаичната мрежа со користење на следниве влезни параметри: географска положба; геометрија на панелот изразена со неговата ширина и должина; геометријата на мрежата дефинирана со растојанијата помеѓу колоните и редиците и аголот на наклон на панелите; датум и време. Резултатите од компаративната анализа на произведената електрична енергија покажуваат дека иако се намалува просечната ефикасност на панелите, се зголемува вредноста на произведената електрична енергија на мрежата како резултат на зголемениот број на фотоволтаични панели. Со воведувањето на апроксимации за сегментирањето на фотоволтаичните панели истражувањето во докторската дисертација овозможува да се постави стандарден модел за зголемување на ефикасноста на даден плац со определување помали растојанија помеѓу редиците и колоните. Од добиените резултати произлегуваат заклучоци кои можат да се користат како препораки за оптимално распоредување на фотоволтаични панели во 3x3 мрежа за зголемување на искористеноста на плацот и проширување на плац со мрежа од повеќе колони и редици. Клучни зборови: сончева енергија, фотоволтаични панели, меѓусенчење, модел на сенка, ефикасност на плац.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Ss. Cyril and Methodious University - Skopje
Year dc:date.issued
2021

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Citkuseva Dimitrovska, Biljana

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/28170/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Citkuseva Dimitrovska, Biljana. Развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од фотоволтаични панели за оптимизација на нејзината геометрија за поефикасна искористеност на плац. doctoral thesis, Ss. Cyril and Methodious University - Skopje, 2021. https://eprints.ugd.edu.mk/28170/