Back to search

Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија

Abstract

dc:description.abstract

Културното наследство како основа за развој на културниот туризам и туризмот како општествена појава се два меѓусебно поврзани комплексни поими. Културното наследство од една страна придонесува за атрактивност и препознатливост на дестинацијата и мотив за посета на истата, а туризмот пак, од друга страна, придонесува за валоризација и промоција на наследството, градење идентитет на дестинацијата, општествен и економски развој. Во овој труд преку една сеопфатна анализа на постојната литература се потенцира поврзаноста помеѓу културното наследство и туризмот, со акцент на тврдините како дел од тоа наследство. Нивната валоризацијата има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен туристички производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Република Северна Македонија изобилува со голем број тврдини и крепости кои водат корени уште од античко време, а секоја од нив има сопствена историја и културно значење. Не навлегувајќи во анализа на сите тврдини поединечно, во трудот се избрани осум тврдини од различни региони во земјата, како потенцијал за локален, регионален и национален туристички развој. Туристичката валоризација на избраните тврдини е направена според квантитативно - квалитативен метод, кој е модифициран и составен од индикатори кои според авторот даваат јасна и објективна слика за моменталната состојба на тврдините како потенцијален културен туристички производ. Исто така со тоа ќе се откријат слабостите во менаџирањето со тврдините и ќе се добијат насоки за идни инвестициски зафати. Добиените резултати може да се користат за креирање краткорочни и долгорочни планови за иден туристички развој на дестинацијата. Во текот на истражувањето вршени се кабинетски и теренски истражувања, при што се применети различни методи и техники на собирање податоци. Поради поголема објективност во оценувањето на поставените индикатори, во анкетирањето се вклучени експерти од областа на туризмот, археологијата, уметноста и економијата, но и туристи со цел создавање целосна слика за предметот на истражување.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Year dc:date.issued
2021

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Todorovic, Emilija

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/28293/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Todorovic, Emilija. Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија. doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, 2021. https://eprints.ugd.edu.mk/28293/