University Gohe Delcev - Stip
Интеркултурните компетенции на наставникот во основното училиште
Abstract
dc:description.abstractИнтеркултурната компетенција е многу важна димензија на подготвеноста на наставникот за поучувањето на новите генерации во мултикултурните средини. Ова истражување ја испитуваше проблематиката на интекултурните компетенции на наставникот во основното училиште. Истражувањето имаше цел да го утврди нивото на интеркултурна компетенција на наставниците во основното училиште и утврдувањето на разликите меѓу нивото на интеркултурна компетенција кај наставниците кои работат во мултикултурни училишта и на тие кои работат во монокултурни училишта. За собирање на податоците се искористи анкетен прашалник и Индекс на интеркултурната Осетливост (ISI). Истражувањето се спроведе на примерок од 217 наставници од основни училишта во регионот на Тетово, Скопје, Кичево, Гостивар и Струга, во Република Македонија. Обработката на податоците се изврши со помош на Статистичкиот пакет за општествени науки (SPSS v. 25) и Office 365. Истражувањето има теориско-емпириски карактер. Тоа е оперативно – применето и трансверзално. Во истражувањето е користен аналитичко-дескриптивниот метод . Резултатите на истражувањето покажаа дека нивото на интеркултурната компетенција на наставниците од основното училиште е средно. Наставниците кои работат во мултикултурни училишта покажуваат повисоко ниво на интеркултурна компетенција во споредба со тие кои работат во монокултурни училишта. Истражувањето откри дека културната структура на училиштето влијае врз нивото на интеркултурната компетенција на наставниците во димензијата на материјалното знањење, перцептивното разбирање и интеркултурната комуникација. Резултатите на истражувањето открија дека наставниците, во стадиумот на етноцентризам на Развојниот модел на интеркултурна осетливост се позиционирани во фазата на минимизирањето додека во стадиумот на етнорелативизмот на РМИО се позиционирани во фазата на прифаќањето. Наставниците имаат потреба од поддршка од стручните служби во работата со културно различните ученици и потреба за стручно усовршување во подрачјето на интеркултурното образование.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- University Gohe Delcev - Stip
- Year dc:date.issued
- 2022
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Bujar, Adili
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/29783/