Back to search

Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

Спортско - рекреативните активности и манифестации во контекст на креирање на сатисфакција на туристите и избор на туристичка дестинација на примерот на Попова Шапка

Abstract

dc:description.abstract

Спортско рекреативниот туризам претставува социјален економски и културен феномен кој произлегува од интеракцијата меѓу туристите, активностите и дестинацијата. Спортот и рекреација се активности по сопствен избор на туристот, со цел да се задоволи неговата потреба за движење, игра, активна рекреација и одмор. Важноста на спортот и рекреацијата во туризмот се рефлектира во задоволувањето на основната човечка потреба за физичка активност. Предмет на истражување во овој труд се спортско рекреативните активности во контекст на креирање на сатисфакција на туристите на примерот на туристичката дестинација Попова Шапка која е во состав на националниот парк Шар Планина. Од спортско рекреативните активности Попова Шапка нуди прошетки по обележени патики, искачување кон планинските врвови, глацијалните езера, атрактивни извори на реки, водопади, планински велосипедизам, ски туризам, лов, риболов, јавање коњи, параглајдерство слободно скијање, возење мотоцикли, моторни санки и др. Целта на истражувањето е емпириски да се утврди релацијата меѓу спортско рекреативните активности и сатисфакцијата на туристите врз основа на прашалник кој се однесува на задоволството на туристите од спортско рекреативната понуда како и вкупното задоволството на туристите од престојот на Попова Шапка, нивно повторно доаѓање во тек на една година како и препораката на роднините и пријателите да ја посетат Попова Шапка. Составен дел на прашалникот се и социодемографските податоци за туристите. Степенот на истраженост на спортско рекреативниот туризам и неговата корелација со задоволството на туристите е многу мал особено на туристичката дестинација Попова Шапка. Овој труд ќе ја надополни оваа празнина и ќе даде насоки за иден развој на спортско рекреативниот туризам на оваа туристичка дестинација.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Year dc:date.issued
2022

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Zakoski, Ilija

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/29848/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Zakoski, Ilija. Спортско - рекреативните активности и манифестации во контекст на креирање на сатисфакција на туристите и избор на туристичка дестинација на примерот на Попова Шапка. doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, 2022. https://eprints.ugd.edu.mk/29848/