Faculty of medical sciences
Теоретска и експериментална студија за примена на електрохемиски регенеративни електродни механизми во аналитиката на лекови во услови на циклична скалеста волтаметрија
Abstract
dc:description.abstractЦикличната волтаметрија е една од најпознатите електрохемиски техники што се употребува како за квантитативно определување и студирање на механизмите на електрохемиска трансформација на голем број лекови и физиолошки активни супстанци, така и за определување на релевантни кинетички и термодинамички параметри што се во непосредна корелација со електрохемиската активност на испитуваните лекови. Примената на цикличната волтаметрија во квантитативната анализа на т.н. „редокс лекови“ се базира на пропорционалноста помеѓу Фарадеевата струја и концентрацијата на дефиниран редокс лек. Во услови кога даден редокс активен лек стапува во хемиска интеракција со друг лек, цикличната волтаметрија дава можност за определување на релевантни физички параметри што се поврзани со кинетиката и термодинамиката на интеракциите помеѓу тие два лекови. Кога два лекови стапуваат во интеракции при кои доаѓа до регенерација на почетната редокс форма на електрохемиски активниот лек, тогаш таквиот тип на механизам се класифицира како „електрохемиски регенеративн механизам„, а често и како „електрохемиски каталитички механизам“. Во рамките на докторската работа се разработени четири теоретски електрохемиски регенеративни механизми во услови на циклична скалеста волтаметрија. Притоа, за сите електродни механизми се претставени едноставни методи за мерење на кинетиката на интеракции помеѓу дефинирани лекови, како и методи за мерење на кинетиката и термодинамиката (константата на стабилност) на лекови кај кои постои хемиска рамнотежа уште пред апликација на електроден потенцијал. Дел од методите и резлутатите од теоретските модели за соодветните електрохемиски регенеративни механизми се потврдени со експерименти во кои редокс активни супстанци 2,6-dihydroxy- benzoquinone, Рибофалвин и K4[Fe(CN)6] стапуваат во интеракции од регенеративна природа со други лекови. Притоа, за системите каде постојат таков тип на интеракции помеѓу 2,6-dihydroxy-benzoquinone, рибофлавин и K4[Fe(CN)6] и студираните лекови и суплементи, пресметани се соодветните вредности на константите на брзина на хемиски интеракции. Клучни зборови: регенеративен електрохемиски механизам; интеракции на лекови; циклична волтаметрија; константа на брзина на хемиски интеракции
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Faculty of medical sciences
- Year dc:date.issued
- 2020
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Petkovska, Sofija
Subjects
dc:subject × 6Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/30739/