University "Goce Delcev" - Stip
Ефикасноста на трихлороцетната киселина во третман на инфекции со HPV (Human papillomavirus) на грло на матка
Abstract
dc:description.abstractЦелта на студијата е да се потврди ефикасноста на трихлороцетната киселина (TCA) како потенцијален третман за субклиничките форми на HPV (Human papillomavirus) инфекцијата на грло на матка. Материјал и методи: Студијата има ретроспективен карактер и во неа се обработени веќе постоечки резултати од 332 испитаници или пациентки со субклиничка инфекција на грлото на матката со HPV, кои беа поделени во 3 групи во зависност од начинот на третирање и обсервирање. Во првата испитувана група се вклучени 172 пациентки третирани со ТСА, во втората испитувана група се вклучени 46 пациентки третирани со инозин и контролна група (КГ) составена од 114 пациентки без терапија. Сите пациентки од контролната и од испитуваните групи се однапред третирани и селектирани во Амбулантата за гинекологија и акушерство во Приватна општа болница “Ремедика” во Скопје. Резултати: Во групата од 172 пациентки третирани со TCA, детектирани се 32 типови на HPV, од кои 14 високоризични, 12 нискоризични и 6 веројатно високоризични типови. Од вкупно 201 високоризични хуман папилома вируси, најголем дел се детектирани кај жени (вкупно 52 или 25.87%) на возраст од 26 до 30 години. Статистичката анализа не потврди сигнификантна разлика во зачестеноста на високоризичните HPV меѓу петте возрасни групи (p=0.17). Во групата од 102 пациентки третирани со TCA кај кои е направен контролен PCR (Polymerase Chain Reaction), тест, позитивен исход од третманот се потврди кај 83 (81.37%) пациентки, додека негативен исход кај 19 (18.63%). Возраста на пациентките нема сигнификантно влијание на исходот од TCA третманот (p=0.8). Резултатите од статистичката анализа потврдуваат дека исходот од третманот не е сигнификантно асоциран со ниту еден тип на HPV (p>0.05), со исклучок на тип 16 за кој беше потврдена гранична сигнификантност (p=0.05). Испитуваната поврзаност помеѓу возраста на пациентките третирани со инозин и степенот на канцерогеност на детектираните вируси беше негативна, што покажува дека повозрасните пациентки се инфицирани со вируси со пониска канцерогеност (R=-0.21). Стапката на ефикасност на третманот со инозин е 68.42% и е сигнификантно повисока од стапката на излекувани во КГ, која изнесува 36.45%, p=0.0091. Стапката на ефикасност на третманот со ТCA е 81.37% и е сигнификантно повисока од стапката на излекувани пациенти во КГ, која изнесува 36.45%, (p<0.0001). Заклучок: Преваленцата на HPV инфекциите, посебно кај помладата популација помеѓу 21 и 30 години е висока. Најзастапени се следниве типови на HPV: 31, 16, 18 и 52. Tопичната апликација на 85% ТСА даде статистички сигнификантни резултати во однос на ефикасноста во третманот на субклиничките форми на HPV инфекцијата, споредено со пациентките следени со експектативен манаџмент. Ефикасноста на ТСА во третман на субклиничките HPV инфекции на грло на матка се потврди кај сите возрасни групи и за сите типови на HPV.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- University "Goce Delcev" - Stip
- Year dc:date.issued
- 2023
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Authors dc:creator
-
- Cockova Morarcalieva, Anita
- Velickova, Nevenka
Subjects
dc:subject × 2Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/31506/