Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Стоматолошки факултет – Скопје
Функционално-естетскти апсекти на примена на покровни протези во современата стоматолошка протетика
Abstract
dc:description.abstractСуптоталната беззабост претставува состојба, при која постои присуство на неколку преостанати заби во горната или во долната вилица. Преостанатите природни заби особено во долната вилица наметнуваат прашања за корисноста на нивното зачувување како и нивно вклучување во протетската рехабилитација, односно дилеми за последиците кои би настанеле доколку истите би биле екстрахирани. Кај некои од овие преостанати заби постои индикација за нивен мултидисциплинарен пристап, од аспект на нивно припремање пародонтолошки, како и доколку е неминовно и третирање еднодонтски, или преку примена на хируршки методи. Рапидниот развиток на стоматолошките материјали и технологијата на производство на техники, инструменти, материјали овозможува темелност во работата и придонесува да заби кои при доаѓањето на пациентот на стоматолошки преглед кои имаат една клиничка, како и параклиничка вредност, која може да биде недоволна на почетокот, да ова во најголем број од случаите биде претворена во нивна предност, што е соодветно документирано. Едно од значајните прашања кои произлегуваат при протетската рехабилитација на долната вилица е како штетното делување на хоризонталните сили да биде сведено на минимум или оневозможено и како да биде овозможена приближно рамномерна ангажираност на забите, како и на тегментната лигавица. Сите овие фактори се значајни при протетското згрижување на субтоталната беззабост на долната вилица. Во овој труд направени се согледувања при одвивање на протетска рехабилитација со покровна протеза, преку примена на ретенционите елементи од телескоп системот, преку преглед на нејзиното значење, како од функционален, така и од естетски аспект. Преку компаративни аналитички испитувања согледана е димензијата на покровна телескоп протеза во долната вилица, кои ја назначуваат нејзината значајност за што подолго зачувување на забите и подпротезниот тегмент, како и пролонгирање на состојбата на тотална беззабост. Кај состојби на субтотална беззабот покровната протеза може успешно да биде имплементирана во ситуации каде истите биле решавани со други терапевтски модалитети.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Стоматолошки факултет – Скопје
- Year dc:date.issued
- 2012
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Pejkovska Shahpaska, Budima
Subjects
dc:subject × 5Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/31893/