Goce Delcev University Stip
Показателите од финансиските извештаи и нивното толкување – прв чекор за финансиска одлука, релација на профитабилноста и задолженоста
Abstract
dc:description.abstractФинансиските извештаи се еден од основните извори на податоци за оцена на финансиската состојба и работењето на компанијата во одреден временски период. Употребата на сметководствени податоци при донесување на деловни и инвестициски одлуки се врши во процесот на анализирање на финансиските извештаи. Овој процес е создаден за да може да им помогне на инвеститорите, деловните луѓе и кредиторите да успеат да ги анализираат подготвените финансиски извештаи, да умеат да ги читаат истите, но и да ги интерпретираат. Основно средство за анализата на финансиските извештаи претставува финансиската рацио-анализа. Целта на овој магистерски труд е да се објасни примената на финансиските показатели при анализата на работењето на компаниите, а особено да се даде придонес во разбирањето на примената на финансиските показатели за ликвидноста. Од тој аспект илустрирана е пресметката, а воедно направена е и детална анализа на показателите за состојбата со ликвидноста на еден зададен репрезентативен примерок на фирми од нашата економија. Анализата на работењето на компаниите е направена со користење податоци од разни изворни документи, точна литература, како и користење на еден репрезентативен примерок од практиката. Заради тој репрезентативен примерок детално се анализирани разни компании од различни стопански дејности, но и со различна големина, а како такви извори на информации со примена на финансиските показатели всушност се земени сите објавени финансиски извештаи на избрани фирми од македонско потекло. Клучни зборови: финансиски извештаи, показатели, финансиска анализа, стабилност, профитабилност и ликвидност
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2023
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ivanova, Verica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/31971/