Back to search

Goce Delcev University Stip

52 Преваленца и социодемографски карактеристики на болни со шизофренија во јзу психијатриска болница ,,скопје“ скопје

Abstract

dc:description.abstract

Шизофренијата е хронично психотично ментално растројство, кое претставува клинички синдром составен од психички симптоми и промени во однесувањето. Во хетерогената клиничка слика на болеста се среќаваат: перцепции во вид на халуцинаторни доживувања, суманути мисли и верувања, нарушување на текот на мислите што се манифестира низ нарушувањата на говорот, редуцирање на емотивните доживувања и чувството на задоволство, различни когнитивни тешкотии што се поврзани со меморијата и извршните функции, впечатливото однесување што се заснова врз психотичното искуство и тешкотии во самоконтролата и секојдневното функционирање. Наодите од светските истражувања и литература укажуваат на поврзаноста на социодемографските карактеристики и шизофреното растројство. Истовремено, наодите од речиси сите епидемиолошки студии што се спроведени кај општа популација укажуваат на важноста и поврзаноста на полот, возраста и брачниот статус со шизофренијата. Земајќи ja предвид актуелноста на дадената тематика, основен предмет на истражување на овој труд е анализа на влијанието на социодемографските карактеристики врз појавата на шизофренијата кај пациентот. Беа користени податоци од електронскиот систем за пациенти со шизофренија што се лекувани во ЈЗУ Психијатриската болница „Скопје“ Скопје, во периодот од јануари 2019 година до декември 2022 година, што боледуваат од шизофренија според дијагностичките критериуми на Меѓународната класификација на болестите – МКБ 10. Во тие рамки, целта на емпириското квантитативно истражување спроведено подолу се фокусира на пронаоѓање и издвојување на ефективни методи и пристапи за преваленција на даденото растројство, врз основа на добиените резултати во рамките на значајноста на социодемографските специфичности на личноста. Добиените резултати покажуваат дека најголемиот број испитаници во акутната фаза се на возраст меѓу 29 до 39 години, додека во хроничната група се на возраст над 40 години, каде што најзастепни се мажите со основно и средно образование, во брачна заедница и самци. Според местото на живеење, најзастапени се жителите на Скопје, како и невработените лица. 6 Затоа можеме да заклучиме дека со адекватна психијатриска и психолошка помош, во вид на советување и психотераписка работа, може да им се помогне на заболените полесно да ја прифатат и да ја надминат болеста. Клучни зборови: шизофрено растројство, пациенти, преваленција, социодемографски карактеристики, превенција

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2023

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Sabani, Suzana

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/32013/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Sabani, Suzana. 52 Преваленца и социодемографски карактеристики на болни со шизофренија во јзу психијатриска болница ,,скопје“ скопје. other thesis, Goce Delcev University Stip, 2023. https://eprints.ugd.edu.mk/32013/