Goce Delcev University Stip
Влијание на различни типови на ферментатори врз полифенолниот профил на вина од сортите вранец и мерло
Abstract
dc:description.abstractВо овој магистерски труд беше определен полифенолниот профил на вина од сортите Вранец и Мерло (берба 2021). Вината од двете сорти беа произведени со примена на три методи на ферментација: класична метода, рото метода на ферментација и метода со потиснување (punchdown). Полифенолниот профил на примероците вино беше утврден со примена на ултрависокоефикасна течна хроматографија комбинирана со масен детектор со квадрупол и масен анализатор со време на прелетување (UPLC-QTOF-MS). Идентификацијата на соединенијата се засноваше на ретенционото време, и масените спектри, во споредба со достапните стандарди и податоци од литературата. Беа идентификувани и семиквантифицирани 54 соединенија поделени во неколку групи и тоа: фенолни киселини и нивни деривати, флавоноли, флаван-3-оли, дихидрофлавоноли стилбени, антоцијани и нивни деривати. Поединечни стандардни раствори на 9 фенолни соединенија (гална киселина, ферулна киселина, кафена киселина, p�кумарна киселина, 3,4-дихидроксибензоева киселина, рутин, кверцетин и trans�ресвератрол) беа подготвени и користени за конструирање на калибрациони криви, како и за квантификација на поединечните феноли. Беше направена валидација на методот и определени следните параметри: линеарност, прецизност, интрадневна и интердневна повторливост, граница на детекција (LOD) и граница на квантификација (LOQ). Имајќи го предвид влијанието на методата на ферментација, беше забележано дека со рото метода на ферментација се постигнува најдобра екстракција на фенолите и кај двете сорти на вино Вранец и Мерло. Со рото методата на ферментација, допирната површина помеѓу цврстите делови од грозјето (семки и лушпи) со ширата е најголема, континуирана и неагресивна, а тоа резултира со најголема екстракција на фенолните компоненти од грозјето во виното. Клучни зборови: Вино, полифеноли, UPLC-QTOF-MS, производство на вино, методи на ферментација
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2023
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Piperevski, Aleksandar
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/32014/