Univerzitet - Goce Delcev
Училишниот педагог во современото училиште-Докторска дисертација
Abstract
dc:description.abstractВо училишниот систем во земјите, покрај наставниот кадар, во училиштата се ангажирани и професионални соработници – педагози чија основна задача е да обезбедат стручна помош и поддршка на учесниците во работата во училиштата за да бидат успешни во реализацијата на училишното образование и ефектите кои се постигнати да бидат подобри. Нивната професионална цел е насочена кон поттикнување на развојот и во идентификување и разбирање на тешкотиите со кои учениците се соочуваат и обезбедуваат помош во нивното надминување, како и спречување на тешкотии во учењето и однесувањето. Покрај тоа, нивната професионална улога се реализира и преку заеднички работа со наставниците и со раководството на училиштето со цел да се обезбедат оптимални услови за учење и развој на учениците и успешното функционирање на училиштето како институција. Тие, исто така, обезбедуваат поддршка на родителите и одговараат на прашања важни за успешно одвивање на воспитно – образовниот процес. Веќе не е доволно за модерно училиште да обезбеди дипломиран педагог со знаење за децениите што доаѓаат. На пазарот на трудот и од гледна точка на животните перспективи, способноста и подготвеноста да учат и да ги преквалификуваат целиот свој живот стануваат сè побарани, и за ова, очигледно, потребно е да се научи поинаку, на различни начини. Во докторската дисертација ќе изнесеме и факти за работата на педагогот во 12 различни земји: Австрија, Србија, Бугарија, Данска, Хрватска, Ирска, Македонија, Малта, Русија, Америка, Словенија и Обединетото Кралство. Овде ќе елаборираме за стручната работа на педагозите во секоја од избраните земји врз основа на следниве елементи и аспекти: нормативна рамка, услови за вработување, улогата на педагозите, функцијата на педагозите, соработка со другите, статистика. Клучни зборови: педагог, образование, ученик, наставник
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Univerzitet - Goce Delcev
- Year dc:date.issued
- 2023
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Gacov, Sanja
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/32084/