Back to search

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија

Abstract

dc:description.abstract

Клиничкиот мастит претставува многу често здравствено нарушување на фармите за млечни крави. Направени се едногодишни истражувања на три фарми за млечни крави. Секоја од фармите поседува различна технологија на одгледување. За детерминирање на клиничкиот мастит и ризик-факторите за негова појава вкупно беа следени 1031 кравa од црно-белата раса, со 1267 лактации. Кравите со клинички мастит беа откриени со помош на клинички преглед на млечната жлезда и со утврдување на промените на млекото. Годишната преваленција на клинички мастит кај целата испитувана популација на крави изнесуваше 34,14% на 100 животни во ризик, односно 30,07% на 100 лактации. Во истражувањето беше евидентирана висока преваленција кај првотелките, која во Фармите 1, 2 и 3 изнесуваше 21,43%, 40,77% и 12,55%. Лактацискиот инцидентен ризик во Фармата 1 изнесуваше 25,00%, во Фармата 2, 95,58% и во Фармата 3, 21,49%. Со зголемувањето на староста, односно лактацијата по ред, се зголемуваше преваленцијата и лактацискиот ризик за појава на клинички мастит. Преваленцијата на заболени четвртинки се зголемуваше до четвртата лактација, а потоа опаѓаше. Задните четвртинки почесто заболуваат од клиничка форма на мастит во однос на предните. Статистичките анализи беа направени со помош на Општиот линеарен модел, униваријантна процедура. Единствен статистички значаен ризик-фактор кој влијаеше врз дистрибуцијата на клиничкиот мастит меѓу четвртинките од млечната жлезда, претставуваше конформацијата на задните четвртинки (p<0,01). Во текот на истражувањето, најголем број крави заболеа од еден (68,24%) или два (18,63%) случаја на клинички мастит во текот на лактацијата. Во најголем број од случаите на клинички мастит имаше заболено само една четвртинка од млечната жлезда. Од испитаните ризик-фактори, статистички значајно влијание врз појавата на клинички мастит покажаа менаџментот на фармите, сезоната на телење, конформациските карактеристики на предните и задните четрвтинки од млечната жлезда. Генерално, влијанието на сезонските варијации врз појавата на клинички мастит во текот на годината беа мали, со исклучок на сезоните пролет и есен. Временскиот период од почетокот на лактацијата до појавата на првиот случај на клинички мастит беше релативно долг. Влијанието на фармите, периодот од годината и периодот од лактација врз бројот на бактерии во испироците од предните и задните папили на млечната жлезда покажа статистички висока значајност (p<0,001). Зголемената млечност кај кравите, статистички значајно (p<0,001) влијаеше врз појавата на клиничкиот мастит. Млечноста кај кравите значително се намалуваше (p<0,001) за време на лактацијата, во периодот по појавата на клиничкиот мастит. Клучни зборови: млечни крави, клинички мастит, ризик-фактори.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Year dc:date.issued
2011

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Nakov, Dimitar

Subjects

dc:subject × 2

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/32575/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Nakov, Dimitar. Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија. masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2011. https://eprints.ugd.edu.mk/32575/