Универзитет Гоце Делчев- Штип
Евалуација на степенот на релевантност на туморските биомаркери како скрининг индикатори за рано откривање на карциномот на простатичната жлезда
Abstract
dc:description.abstractКратка содржина Карциномот на простатата (CaP) останува еден од најчестите малигнитети и водечка причина за морбидитет и морталитет кај мажите низ светот. Прогнозата и третманот во голема мера зависат од агресивноста на туморот. Во трудот е даден опширен осврт на повеќето биомаркери, кои се испитуваат во светски рамки, со посебно внимание на биомаркерите кои се достапни и се испитуваат во нашата замја. Овој труд го истражува предвидувањето на агресивноста на CaP врз основа на компаративна анализа на стандардни биомаркери и наодите од мултипараметарска MRI (вклучувајќи MRI спектроскопија) во споредба со пре- и постоперативните патохистолошки резултати. Преку испитување на тоа како овие дијагностички модалитети се комплементарни, се настојува подобро да се разбере нивниот заеднички потенцијал за подобрување на предвидувањето и третманот на агресивните форми на CaP. Во текот на изработката на Докторскиот труд направени се две студии и тоа: Студија бр.1 “PHI и MR спектроскопија како водичи за рана дијагноза и третман на Ca на простата кај пациенти во сива зона на PSA” Резултатите од оваа студија сугерираат дека воведувањето на Prostate Health Index (PHI) и mpMRI со MR спектроскопија кај пациенти со PSA во сивата зона може значајно да ја подобри точноста на раната дијагноза на CaP и да помогне во носењето на одлуки за третман. Студија бр.2 “Компаративна анализа на патохистолошките наоди од биопсија на простатата и радикална простатектомија: разлики, значење и прогностички импликации” Науката за прогностичките фактори кај CaP постојано се продлабочува. Нашето истражување ги потврди класичните параметри (Глисон, PNI, ЛВИ, маргини) како значајни и го истакна јазот помеѓу првичната (биопсиската) и конечната (хируршката) слика на болеста. Овој труд претставува обид за унапредување на дијагностичките и прогностичките пристапи во процената на CaP. Очекуваме добиените резултати да дадат значаен придонес во подобрувањето на клиничките одлуки и индивидуализацијата на терапевтските стратегии кај пациентите со CaP. Клучни зборови - Prostate Health Index (PHI), Мултипараметарската магнетна резонанца (mpMRI), Спектроскопијата со магнетна резонанца (MRS, MRSI), патохистолошката анализа, периневралната инвазија (PNI), лимфните и васкуларните емболуси (LVI), ресекциони маргини.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Универзитет Гоце Делчев- Штип
- Year dc:date.issued
- 2025
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Minev, Igor
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/36982/