Ss. Cyril and Methodius University, Skopje
Терестријалната радиоактивност и радонот во населените места на Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractОваа дисертација ги претставува резултатите од систематското истражување на природната радиоактивност во РМ. За таа цел, гама спектрометриски се анализираа 213 примероци од почва и 218 примероци од цементи и суровини за производство на цементите. Направена е проценка на годишната ефективна доза која ја прима населението од терестријално зрачење на отворен и во затворен простор. За да се процени изложеноста на зрачење на населението на 222Rn и 220Rn во затворен простор, се спроведе национално мерење во период од декември 2008 до декември 2009 година во вкупно 437 живеалишта за 222Rn и 300 живеалишта за 220Rn. Мерењата се правеа со нуклеарни трагови детектори CR-39 во иста позиција во четири последователни сезони (4 пати во годината со исто време на изложеност од 3 месеци). Се одредија сезонски фактори на корекција за 222Rn и 220Rn во затворен простор. Резултатите покажаа статистички значајна разлика на концентрациите на 222Rn и 220Rn мерени во различни сезони и различни региони. Влијанието на факторите врз концентрациите на 222Rn и 220Rn поврзани со карактеристиките на градбата на живеалиштето исто така беа истражувани. Концентрацијата на 222Rn и 220Rn се мереше со помош на активна метода алфа спектрометриски на вкупно 14 локалитети во Скопје и Прилеп. Статистичката анализа на резултатите се правеше на ниво на значајност од 95% (p < 0,05).
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Ss. Cyril and Methodius University, Skopje
- Year dc:date.issued
- 2010
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanovska, Zdenka
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/37843/