Back to search

Goce Delcev University Stip

Дефинирање на оптимални технички параметри на технолошките системи за експлоатација на лигнит во косовскиот јагленов басен

Abstract

dc:description.abstract

Република Косово задоволува 97 % од своите енергетски потреби преку постојните термоелектрани „Косово А“ и „Косово Б“, кои користат лигнит како примарен извор на гориво. Стратешките и развојните планови на Косовската енергетска корпорација предвидуваат отворање нови рударски полиња во Косовскиот лигнитски басен за да се обезбеди континуирано снабдување со лигнит за постојните и идните капацитети на термоелектраните. Ова бара зголемување на капацитетите за производство на лигнит и проширување на капацитетите за негова преработка и збогатување. Косово поседува значителни резерви на лигнит, со над 12,5 милијарди тони геолошки резерви. И покрај потенцијалното загадување на животната средина, лигнитот останува примарен извор на производство на електрична енергија во земјата, и од постојните и од планираните термоелектрани. Во рамките на Косовскиот јагленов басен, идентификувани се три потенцијални области за експлоатација: Поле Сибовц, Јужно Поле и Поле Д. Во овие области планиран е развој на три површински рудници за ископување на лигнит, со примена на најсовремени технологии во ископ, транспорт и складирање. Оваа дисертација се фокусира на анализата на наоѓалиштето на лигнит во полето Сибовц, испитувајќи го системот за површинскa експлоатација и оптимизација на производството на лигнит во согласност со геолошките, хидрогеолошките, геомеханичките, техничко-рударските и еколошките услови. Наоѓалиштата на лигнит во Косово главно се експлоатираат преку површински копови и соодветни рударски операции. Овие операции вклучуваат отстранување на откривката и ископување на лигнит. Во полето Сибовц, откривката се состои од глинени формации, кои се карактеризираат со низок отпор при ископ, што овозможува употреба на багери со една или повеќе корпи за директно ископување. Лигнитот се транспортира до постројката за збогатување, а откривката до местото на складирање, преку лентести транспортери или дампери. Технологијата на површинско откопување вклучува процеси како што се ископ/товарање, транспорт, складирање и подготовка на суровините - јагленот. Во полето Сибовц, овие процеси се планирани да се спроведуваат со користење на различни рударски системи, како што се континуираниот БТО (KOНТИНУИРАН РУДАРСКИ СИСТЕМ) систем и дисконтинуираниот EК (ДИСКОНТИНУИРАН РУДАРСКИ СИСТЕМ). Целта на оваа дисертација е да се постигне проектираното производство преку оптимизација на трошоците за рударско работење и подобрување на технологиите за опрема за ископување, транспорт и складирање. Дополнително, се фокусира на идентификување на клучните фактори што влијаат врз извршувањето на рударските активности за ископување на лигнит. Процесот на оптимизација на површинската експлоатација, како дел од стратешкото планирање, е клучен за постигнување максимална економска ефикасност во производството на енергија

Degree

thesis:*
Name dc:type.qualificationname
phd
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2026

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Hyseni, Albert

Subjects

dc:subject × 2

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/38981/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Hyseni, Albert. Дефинирање на оптимални технички параметри на технолошките системи за експлоатација на лигнит во косовскиот јагленов басен. doctoral thesis, Goce Delcev University Stip, 2026. https://eprints.ugd.edu.mk/38981/